Тетовчани со најубава торта на 21-та „Тортијада“ на инвалидизирани лица

Недела, 21 Октомври 2018

Синоќа во хотелот „Цар Самуил“ во Бања Банско по 21-ви пат се одржа манифестацијата „Тортијада“ на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица, a под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица.

И премиерот Зоран Заев дојде на „тортијадата“, не пропушта да биде дел од оваа манифестација уште од првата година кога стана градоначалник на Струмица.

Кој каде и да е, на Тортијадата тука сте. Тоа го покажува искуството зад нас. Еве јас 13 години непрекинато постојано сум на Тортијада. Ова наше пријателство е и силна порака до целото општество, дека цврсти пријателства се можни, ако ги градиме со разбирање едни за други, со топлина и со љубов“ - рече во своето поздравно обраќање пред големиот број присутни, премиерот Заев. Со Заев беа и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, претседателот на Советот Марјан Даскаловски со дел од советниците, претседателот на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“, Бранимир Јовановски.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски поздравувајќи ги учесниците, рече дека тортите се вистински ремек дела, направени со голем труд и љубов и посака уште многу години да се гледаат заедно и восхитуваат на секоја нова торта и на секој заеднички напредок.

Тетовчани годинава направиле највкусна и најубава торта, така одлучи жирито составено од „вештите жени“, Илинка и Невенка. Тортата на Здружението „Мобилност Тетово“ беше насловена „Со ЕУ поблиску до еднаквост“, му ја подарија на премиерот Заев.

Второто место ја освои тортата на Здружението „Мобилност Кочани“, насловена „Вечна мајка“, а третото место за тортата „Селска фурна“ на Здружението „Мобилност Велес“. 12 здруженија за телесно инвалидизирани лица од Македонија учествуваа на оваа манифестација.

Лицата со телесен инвалидитет потврдувајќи ги своите слаткарски вештини, преку оваа манифестација упатија заедничка порака дека и тие можат и умеат, како и останатите членови на заедницата. /Р.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ центар во Струмица

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ цента…

Јан 16, 2019 Магазин

Светски познатата компанија за производство на напредна медицинска опрема „Nuga Medical“ од Сеул, Јужна Кореја, синоќа во Струмица отвори Центар за зд...

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ в…

Јан 16, 2019 Вести

Заврши поставувањето на нова термичка фасада на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица. Овој проект е реализиран од Агенцијата на СА...

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Јан 16, 2019 Вести

Кабелскиот бренд „Телекабел“ од вчера, на 22-годишнината од своето постоење и официјално станува нов мобилен оператор. Со ова „Телекабел“ го заокружи ...

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Јан 15, 2019 Веб Билборд

Млечен ресторан од Струмица има потреба од продавачки. Повеќе информации на: 034/331-454 и 070/388-133, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот...

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

Јан 15, 2019 Вести

Пред почетокот на второто полугодие од учебната година, која започнува во понеделник, ЈПКД „Комуналец“ започна со расчистување на снегот и мразот на т...

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Јан 14, 2019 Вести

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики. Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, мош...

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Јан 14, 2019 Вести

Традиционалниот „Струмички карневал“ годинава ќе трае од 6 до 13 март, а главната карневалска веќер ќе биде на 9 март (сабота). Претходната вечер е Ма...

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповск…

Јан 14, 2019 Вести

Навивачката група Ајдуци од Струмица традиционално и годинава ќе го организира 4-от Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“. Системот на нат...