Струмичани уживаа во звуците од гитарата на студентот Георги Трајков

Сабота, 20 Октомври 2018

Струмичани, љубители на класичната музика, синоќа во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ имаа ретка можност да уживаат во звуците од гитарата на талентираниот струмичанец, 21-годишниот Георги Трајков, студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Ова е трет солистички концерт на младиот гитарист Георги Трајков во храмот на културата во Струмица, а на кој интерпретираше дела од Бах, Шор, Легнани, Тарега, Монгоре, Турина, како и од познатиот македонски композитор Тодор Скаловски.
Гости на концерт на Трајков, беа и двајцата негови сограѓани, Сара Јанева – мецосопран и Александар Бончев – корепетитор.
Инаку, Георги Трајков е роден 1997 година во Струмица. Основно музичко образование заврши во ОМУ „Боро Џони“ во класта на м-р Васко Пиличев. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во класата на м-р Дарко Багески. Во моментот е четврта година на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Во текот на школувањето учествувал на повеќе државни и меѓународни натпревари во Македонија и надвор и има освоено седум први, четири втори и пет трети награди.
Учествувал на повеќе летни школи за гитара, зимска школа за гитара во Суботица и Академија за гитара во Охрид. Учествувал на концерти одржани по различни поводи во Амбасадите на Шпанија, Италија и Франција во Скопје.
Во текот на студиите редовно учествува на концертите организирани од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Член е на трио гитари на ФМУ Скопје, кое досега има одржано повеќе концерти во МакедонијаАктивно посетува мастер часови кај еминентни професори.
ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ центар во Струмица

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ цента…

Јан 16, 2019 Магазин

Светски познатата компанија за производство на напредна медицинска опрема „Nuga Medical“ од Сеул, Јужна Кореја, синоќа во Струмица отвори Центар за зд...

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ в…

Јан 16, 2019 Вести

Заврши поставувањето на нова термичка фасада на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица. Овој проект е реализиран од Агенцијата на СА...

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Јан 16, 2019 Вести

Кабелскиот бренд „Телекабел“ од вчера, на 22-годишнината од своето постоење и официјално станува нов мобилен оператор. Со ова „Телекабел“ го заокружи ...

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Јан 15, 2019 Веб Билборд

Млечен ресторан од Струмица има потреба од продавачки. Повеќе информации на: 034/331-454 и 070/388-133, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот...

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

Јан 15, 2019 Вести

Пред почетокот на второто полугодие од учебната година, која започнува во понеделник, ЈПКД „Комуналец“ започна со расчистување на снегот и мразот на т...

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Јан 14, 2019 Вести

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики. Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, мош...

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Јан 14, 2019 Вести

Традиционалниот „Струмички карневал“ годинава ќе трае од 6 до 13 март, а главната карневалска веќер ќе биде на 9 март (сабота). Претходната вечер е Ма...

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповск…

Јан 14, 2019 Вести

Навивачката група Ајдуци од Струмица традиционално и годинава ќе го организира 4-от Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“. Системот на нат...