Изложба на старите куќи на Струмица од Ана Филев

Сабота, 20 Октомври 2018

Натурилизираната струмичанка од Црна Гора, Ана Филев, синоќа пред струмичани ја постави својата седма самостојна изложба насловена „Носталгија“.

Стари куќи во Струмица е темата во сликите на Ана Филев, тие куќи, оставени сами, наредени на угорнина, во помирните и повисоките делови од градот, вечни кралици на некоја стара Струмица.

Завесите од прозорците одамна се искинале, по скалите сега само се качува трева, тивко е, ниту глас, ниту викотница се слуша. И во нив некогаш некој се смеел или плачел, а другиот го тешел. И во нив се седнувало на маса за ручек или вечера, а заиграното дете во дворот се повикувало низ прозорецот да дојде на масата. И во нив некој си легнувал со заљубена мисла по некоја девојка, а се будел утрината на старото место, во својот кревет, иако сонцето сите нешта во сончевиот систем си ги измениле далечините и должините меѓу себе“ - рече во своето обраќање Ацо Гогов, промовирајќи ги сликите на Ана Филев пред многубројната публика, љубители на ликовната уметност.

Инаку Ана Филев е родена во Подгорица, Црна Гора. Дипломирала 2006 година, отсек – сликарство на Академијата за ликовни уметности во Требиње. По дипломирањето работи како професор по ликовна култура. Во 2008 година со положен државен испит се стекнува со титула „кустос“ во Народниот музеј во Цетиње, Црна Гора. Сопруга е на познатиот струмички ликовен уметник, Александар Филев.

Изложбата „Носталгија“ на Ана Филев, во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде поставена во наредните десеттина дена и е отворена за сите љубители на ликовната уметност.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ центар во Струмица

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ цента…

Јан 16, 2019 Магазин

Светски познатата компанија за производство на напредна медицинска опрема „Nuga Medical“ од Сеул, Јужна Кореја, синоќа во Струмица отвори Центар за зд...

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ в…

Јан 16, 2019 Вести

Заврши поставувањето на нова термичка фасада на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица. Овој проект е реализиран од Агенцијата на СА...

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Јан 16, 2019 Вести

Кабелскиот бренд „Телекабел“ од вчера, на 22-годишнината од своето постоење и официјално станува нов мобилен оператор. Со ова „Телекабел“ го заокружи ...

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Јан 15, 2019 Веб Билборд

Млечен ресторан од Струмица има потреба од продавачки. Повеќе информации на: 034/331-454 и 070/388-133, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот...

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

Јан 15, 2019 Вести

Пред почетокот на второто полугодие од учебната година, која започнува во понеделник, ЈПКД „Комуналец“ започна со расчистување на снегот и мразот на т...

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Јан 14, 2019 Вести

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики. Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, мош...

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Јан 14, 2019 Вести

Традиционалниот „Струмички карневал“ годинава ќе трае од 6 до 13 март, а главната карневалска веќер ќе биде на 9 март (сабота). Претходната вечер е Ма...

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповск…

Јан 14, 2019 Вести

Навивачката група Ајдуци од Струмица традиционално и годинава ќе го организира 4-от Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“. Системот на нат...