Градежниците од струмичко го одбележаа празникот Св. Тома, нов кум Тодорчо Мицев од „К'РМЗОВ МР“

Петок, 19 Октомври 2018

На традиционалната средба на градежниците од Струмичкиот регион што се одржа денеска напладне во Манастирот Св. Богородица Елеуса“, по повод празникот Свети Тома, Денот на заштитниците на сите градежници, за нов кум е избран Тодорчо Мицев од компанијата „К'РМЗОВ МР“ од Струмица.

Со денешната манифестација која се одржува 26 години, на која присуствуваа архитекти, техничари, градежниците, се одбележува крајот на градежната сезона. Кумата на годинашнава прослава, Софија Ристова Патрикова од Секторот за урбанизам при Општина Струмица, рече дека овој ден го одбележува враќањето на градежните работници, односно крајот на градежната сезона.

Го славиме овој празник по традиција, се надевам дека традицијата и ќе продолжи, еве оваа година 26-та по ред, ден на градителите, ден на наимарите, го чествуваме нашиот Апостол Свети Тома, со кој не врзуваат две работи, неговата професија, градителството, нашата професија, и знаеме дека е познат како неверниот Тома. Да не бидеме неверни, да веруваме во Бога, да веруваме во нас самите, затоа што со вербата ќе можеме да изградиме и да ја реализираме нашата идеја, да го изградиме нашиот град, да биде поубаво место за живеење“ - рече Софија Ристова Патрикова.

За Тодорчо Мицев, кумството е чест и со задоволство ќе ја организира следната манифестација, догодина. Сака да ја продолжат традицијата и младите градежници, да се одржува уште многу години, да се негува наимарството. Според Мицев, годината била успешна за градежниците, има напредок во градежништвото од година во година.

И за архитектите е голема чест што се дел од овој настан, како што велат тоа е денот кога се собират сите колеги. Ова е единствена манифестација од ваков карактер во Македонија, односно само Струмичките градежници на тој начин го одбележуваат овој празник, Свети Тома – заштитникот на градежниците.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативниот центар на „Пивара Скопје“ ги кани струмичани на бесплатна обука „Вештини за успех“

Едукативниот центар на „Пивара Скопје“ ги кани струмичани на…

Ное 19, 2018 Магазин

Утре (вторник, 20 ноември), од 17:00 до 20:00 часот во Хотел „Вила Парк“ во Струмица, „Пивара Скопје“ организира бесплатна обука од програмата „Вештин...

Тимот на наставничката Билјана Гунова ќе го бодри националниот тим против Гибралтар

Тимот на наставничката Билјана Гунова ќе го бодри национални…

Ное 19, 2018 Вести

Учениците од V-1 при ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, предводени од одделенскиот наставник Билјана Гунова, вечерва во живо ќе ја бодрат македонската...

„Комуналец“ гo отстрани отпадот од локалните депонии во Банско и Муртино

„Комуналец“ гo отстрани отпадот од локалните депонии во Банс…

Ное 19, 2018 Вести

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица овој период интензивно работат на порамнување и отстранување на комуналниот отпад од локалните депонии во населенит...

Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште еднаш се потврди со значајното присуство на информативната средба

Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште ед…

Ное 19, 2018 Вести

Компанијата Еуромакс Ресоруцес, концесионер на проектот Иловица – Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претстави економс...

Струмичанецот Мики Тодоров на тренинг трката во Скопје се преврте со автомобилот

Струмичанецот Мики Тодоров на тренинг трката во Скопје се пр…

Ное 17, 2018 Вести

Возачот Мики Тодоров од Струмица, имаше незгода на денешната тренинг сесија во пресрет на утрешната кружна трка во Скопје. Тој при влегување во една к...

Во Струмица и Колешино се одржа дводневната манифестација „Средби под јаворите“

Во Струмица и Колешино се одржа дводневната манифестација „С…

Ное 17, 2018 Вести

Вчера и денеска во Струмица и родното село на писателот Видое Подгорец, Колешино, се одржаа 17-те „Средби под јаворите 2018“. Најголемиот дел од акти...

Виртуелна прошетка низ изложбениот простор на Музеј Струмица

Виртуелна прошетка низ изложбениот простор на Музеј Струмица

Ное 17, 2018 Магазин

Направете виртуелна прошетка низ Струмичкиот музеј, како да сте со професионален водич... Истата ќе се надоградува со нови тагчиња и информации директ...

„ЏИО Струмица“ ја порази тетовска „Лирија“ со 3:0

„ЏИО Струмица“ ја порази тетовска „Лирија“ со 3:0

Ное 17, 2018 Вести

Струмичките одбојкари денеска попладне во салата „Партизан“ во Струмица ги надиграа досега непоразените одбојкари на „Лирија“ од Тетово со 3:0 во сето...