Звукот на аргентинското танго се слушаше во Храмот на културата во Струмица

Понеделник, 22 Јануари 2018

Струмичани имаа ретка можност, барем оние кои беа синоќа во Храмот на културата во Струмица, да уживаат во звуците на аргентинското танго од четворица виртуози на своите инструменти, двајцата струмичани Тони Пецанов на бандонеон и Роберт Цеков на виолина, кој живее и работи во Холандија, Емилија Кабранова Филипова од Неготино на пијано и битолчанката Александра Чуруковска на контрабас.

Четворицата професионални музичари на големата сцена, звуците од бандонеонот, пијаното, виолината, контрабасот, на познати композиици од аргентинскиот мајстор на тангото Астор Пјацола, студената сала на НУЦК „Антон Панов“, направија топол амбиент, љубовни насмевки на лицата на публиката, која не остана рамнодушна на ниту една отсвирена нота и ги наградуваше музичарите со долготрајни аплаузи.

Кај нас танго музика се слуша исклучиво во домашен амбиент, живите изведби се вистинска реткост, како што беше синоќешниот концерт наречен „Танго во ноќта“, создаден од идејата на Тони Пецанов и неговите пријатели, во организација на НУЦК „Антон Панов“, а со финансиска поддршка на Министерството за култура. (Р.Ѓ.)

Автор на фотографиите: Георги Кончалиев

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДРНКА: На плацот на шумското во Струмица нема дрва, ама има старо железо и хаварисани возила

ДРНКА: На плацот на шумското во Струмица нема дрва, ама има …

Мар 25, 2019 Вести

Место со огревни дрва, складот на Шумското стопанство „Беласица“ во Струмица стана плац на старо железо и хаварисани моторни возила – пишува www.drnka...

„Комуналец“ продолжува со пролетната акција, викендот се садеа јавори

„Комуналец“ продолжува со пролетната акција, викендот се сад…

Мар 25, 2019 Вести

Викендот вработените во ЈПКД „Комуналец“ продолжија со пролетното разубавување на градот Струмица. Нови висококвалитетни листопадни садници Јавор беа...

„Џио Струмица“ го доби првиот тежок пораз

„Џио Струмица“ го доби првиот тежок пораз

Мар 24, 2019 Вести

Одбојкарите на Струмица по 14 победи оваа сезона денеска на гости во Кичево го добија првиот пораз од домаќините, одбојкарите на „Шутова“, со убедливи...

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ на децата со попреченост и во Радовиш

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ на децата со попреченос…

Мар 24, 2019 Вести

После Струмица и во Радовиш се одржа модната ревија на децата со попреченост „Убави сме, свои сме“, во организација на Здружението за помош и поддршка...

Протестен марш на млади од општината Босилово против отворањето рудник над Иловица

Протестен марш на млади од општината Босилово против отворањ…

Мар 24, 2019 Вести

Денеска во Босилово беше организиран протестен марш на младите од оваа општина, со поддршка на еко-здруженија од регионот. Тие ја испратија пораката ...

Иконата Богородица Брзопослушничка по дводневната литија низ улиците на Струмица вратена во „Свети Петнаесет“

Иконата Богородица Брзопослушничка по дводневната литија низ…

Мар 24, 2019 Вести

И денеска се одбележува двегодишнината од доаѓањето на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка во Струмица. По вчерашната литија низ улиците ...

Еуромакс: Лажни вести и говор на омраза не е граѓански активизам

Еуромакс: Лажни вести и говор на омраза не е граѓански актив…

Мар 24, 2019 Вести

Вклученост, навремено и точно информирање на сите засегнати страни за сите карактеристики и придобивки од идниот рудник се принципите според кои работ...

Денеска се чистеа дивите депонии во Банско, Муртино и Просениково

Денеска се чистеа дивите депонии во Банско, Муртино и Просен…

Мар 23, 2019 Вести

Продолжуваат акциите за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни теренски активности на ...