Советот на општина Струмица ја одржа 25. седница

Недела, 15 Март 2015

Советот ja усвои завршната сметка на буџетот и годишниот извештај на општина Струмица за 2014 година

Советот на општина Струмица денеска ја одржа редовната 25-та седница. По едногласното усвојување на дневниот ред на сите советници и напуштањето на седницата на советниците од Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството предводено од СДСМ расправаше по предложените точки.

 


Советот ги усвои завршната сметка на буџетот и годишниот извештај на општина Струмица за 2014 година, извештаите за реализација на програмите за уредување на градежното земјиште, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, за изработка на урбанистички планови во општина Струмица за 2014 година, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2014/2015 година во зимски услови и донесе одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Струмица за 2015 година.


На денешната седница, Советот ги усвои и годишните извештаи за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, библиотеката „Благој Јанков Мучето“, Домот за деца и млади „Благој Мучето“, Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“, како и извештаите за работата и годишните сметки на јавните претпријатија „Паркиралишта Струмица“ и „Струмица Гас“.


Зелено светло доби и предлог – одлуката за прифаќање на проектот „Опфат на деца во ран детски развој во рурални средини во рамките на детска заштита“.

 


„Советниците на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичката партија ја напуштија седницата, јас го почитувам тоа, тоа е нивно легитимно право. Седницата продолжи бидејќи беа присутни повеќе од половината од вкупниот број на советници, кои што можат полноправно да одлучуваат и донесуваат одлуки какви што беа денешните, пред се мислам на завршната сметка на буџетот на општина Струмица за 2014 година. На дневен ред беа и завршните сметки на јавните претпријатија „Паркиралишта Струмица“ и „Струмица Гас“, кои што дадоа кратки образложенија за нивното работење. Во делот на завршната сметка на буџетот на општина Струмица за 2014 година сакам да кажам дека тој е остварен со 85 проценти, што е добар процент, за разлика од 2013 година кој беше остварен со 75 проценти, што значи имаме зголемување од 10 проценти. Парите кои што беа собрани од граѓаните беа повторно вратени назад со реализација на патишта, улици, тротоари, нови канделабри, тампонирање на патишта, пробивање на нови улици, значи капитални проекти кои беа завршени, а кои беа неопходни, пред се мислам на пробивањето на улица во касарната во урбанистичкиот блок 36 и 37 и на пробивањето на улици и патишта во таканаречената елитна населба, бидејќи таму има продадено повеќе парцели на лицитација, како од општина Струмица, така и од државата“ - изјави по завршувањето на седницата, претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...