Елена Пандева отвора модно ателје во својата родна Струмица

Недела, 15 Март 2015

Успешната приказна на Елена Лука продолжува и во Струмица

Модна приказна на брендот Елена Лука отсекогаш била интимно поврзана со градот Струмица, од каде и потекнува генералниот менаџер Елена Пандева. Затоа, неслучајно овој град е следна дестинација каде модната куќа ќе го отвори своето ново ателје како неминовно изненадување за струмичани.


Во центарот на градот ќе се расплете една нова современа приказна која ќе ја раскажува модата во едно уникатно поглавје. Елена Лука доследна на својот стил и сензибилитет, ќе и го доближи својот уникатен дизајн на најкритичната публика, токму поради фактот што е домашна.


Во автентичен амбиент кој ќе го рефлектира препознатливиот профил на афирмираниот бренд, струмичани од среда, 18-ти март, во ателјето кое е сместено на булеварот „Маршал Тито“ број 20, до главната пошта, ќе имаат можност да го купат своето омилено парче од омилениот бренд.


На две нивоа, во пространа атмосфера ќе бидат изложени уникатни дизајни од Елена Лука меѓу кои и урбани матурски фустани, раскошни свечени тоалети, магични венчаници, но и модерни минималистички парчиња за деловните дами. Во рамките на ателјето ќе функционира и производствен сектор каде ќе можат да се изработуваат сите креации по мерка на клиентите.


Новите почетоци ветуваат убави нешта. Елена Лука се врати дома со големи изненадувања за струмичани!


Отворање на Ателјето „Елена Лука“ - Среда, 18 март | 19:00 часот

 

 

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...