Подготовките за најголемото летно случување во југиосточна Македонија започнуваат со прибирање предлози и нови идеи од граѓаните.
На официјалната страница на фестивалот е поставен повик со прашалник преку кој на едноставен начин може да концепирате целосно нова и сопствена идеја за настан кој сакате да се одржи оваа лето. Секој предлог ќе биде разгледан, а секој предлагач контактиран.
http://sof.mk/predlozi-proekt.html
„Уште од раѓањето на фестивалот креираме една успешна приказна со помош на бројните сугестии, критики и предлози од граѓаните. Организацијата на фестивалот е во рацете на сите кои имаат нешто да споделат со искрена желба за напредок на ОПЕН фестивал“ - велат од Здружението Културен забавен живот, организатор на „Струмица ОПЕН фестивал“.
Освен трите музички вечери, фестивалот досега прикажуваше богата културно-уметничка, забавна и едукативна програма со над 70 настани во 3 години постоење. Ликовни колонии, вечери на поезија и афоризми, вечери на театар и филм, трка на келнери, хип хоп револуција, класични концерти... се настани кои биле и дел од нив ќе бидат на програмата и за годинашното издание на ОПЕН фест.
За наредниот период се најавува објавување нови конкурси за ангажман на фестивалот, прашања за дискусија и предлози за музичката програма.