Во Струмица стартува државното првенство во одбојка за средношколци

Четврток, 05 Март 2015

Во спортската сала на СОУ „Никола Карев“, првенството за отворено го прогласи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов

Четврток, петок и сабота, Струмица е домаќин на Државното првенство во одбојка (мажи) за средните училишта.


Станува збор за првенство во кое ќе се натпреваруваат шест екипи од источниот и западниот регион, како и две екипи од скопскиот регион, поделени во две групи по три екипи.


Струмица ќе ја претставува одбојкарската екипа на СОУ „Никола Карев“, којa е и домаќин на оваа првенство, а во Струмица ќе се натпреваруваат екипите на СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип, СОУ „Никола Штејн“ од Тетово, ДСУФК „Методи Митевски Брицо“ и СОУ „Орце Николов“ од Скопје и екипата на СОУ „Ѓорги Наумов“ од Битола.


Во спортската сала на СОУ „Никола Карев“, првенството за отворено го прогласи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.


„Овој наш град многу пати до сега бил домаќин на значајни спортски манифестации во разни спортови, почнувајќи од државни, па се до европски првенства и секогаш без исклучок, бил одличен организатор и домаќин. Убеден сум дека така ќе биде и овој пат. Тоа што Струмица е домаќин на ова Државно првенство, воопшто не е случајно. Вие се наоѓате во најодбојкарскиот град во Македонија, во градот кој го има актуелниот и повеќекратниот шампион на Македонија и освојувач на одбојкарскиот куп на Македонија, во градот кој со свои одбојкари ја сочинува половината македонска репрезентација, во градот кој дал средношколци – одбојкари кои го освоиле четвртото место на светското првенство во одбојка за средни училишта и конечно во градот кој бил домаќин на дури три училишни олимпијади. Од името на овој град, од мое лично име и од името на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, срдечно ве поздравувам и ви посакувам да поминете три незаборавни денови во нашата средина“ - рече Христов.


Организатор на овој Државен натпревар е Општинскиот Сојуз на училишен спорт во Струмица и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...