Операцијата успешна, Мартина се врати во Струмица

Недела, 01 Март 2015

Цели 7 часа, стручен тим од врвни лекари вршеле хируршка интервенција на р'бетниот столб на Мартина

12-годишната струмичанка Мартина Стојковска, по десетневниот престој во болницата „Аџибадем“ во Истанбул, Турција и успешната операција, се врати во родната Струмица.


Цели 7 часа, стручен тим од врвни лекари вршеле хируршка интервенција на р'бетниот столб на Мартина, и според информациите од нејзината мајка и кажувањата на лекарите, операцијата иако тешка, сепак успешно завршила. Следува сега период на рехабилитација и закрепнување.


Мајката на Мартина, од името на целото семејство Стојковски, упати голема благодарност до сите, кои на било кој начин помогнаа за Мартина отиде на операција во Турција.


„Вложивте многу труд драги пријатели, дадовте се од себе за да се оствари магијата и сонот на едно дете. Му даривте спокој, здравје и надеж за иднината. Секој од вас ќе биде засекогаш запаметен и неизбришлив дел од нашиот живот, затоа што вие ја имате заслугата денес за се онаа што нашето дете ќе биде утре“ - стои во Фејсбук пораката на семејството Стојковски.


Инаку, Мартина има сколиоза, која брзо напредуваше и за пет години е констатирано искривување на р'бетниот столб од 28 на 120 степени, според мерењата од лекарите пред операцијата во Турција.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Авг 01, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 5.759 тестирања, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, од кои 5 ...

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објект

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објек…

Авг 01, 2021 Вести

Противпожарната единица на Струмица информира дека утринава во 08:47 часот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари во атарот на се...

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ нема да се затвора, теренска вакцинација и за втората доза во селата

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ не…

Авг 01, 2021 Вести

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица информираат дека поради се поголемиот интерес за вакцинација, пунктот во спортската сала на училиштето „Никола Вап...

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инспирација за модните дизајни

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инс…

Авг 01, 2021 Вести

Младата креаторка од Струмица, Данче Лазарова, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја постави својата прва изложба со модни креации. Инс...

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани производи се одржа и работилница за развој на биоекономијата

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани прои…

Авг 01, 2021 Вести

На вториот ден од отвoрањето на био-базираната pop-up продавница во Струмица, струмичани имаа можност да бидат дел од работилницата каде се дискутираш...

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

Авг 01, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа „Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица има потреба од девојка за работа. Повеќе информации и пријавување на: 071/420-255...

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската управа

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската упра…

Јул 31, 2021 Вести

Струмичанката Славица Кутиров ја презема директорската функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше зам...

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 81 нов случај

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија…

Јул 31, 2021 Вести

Во последните 24 часа од направените 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 27 Тетово – 25 Куманово – 9 Гостивар –...