Советот на општина Струмица ја одржа 24-та седница

Петок, 27 Февруари 2015

Најмногу внимание кај советниците предизвика кварталниот извештај за извршување на буџетот за четвртиот квартал за 2014 година

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 24-та седница. На седницата, советниците ги усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2014 година, предлог-програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2015 година, а беа донесени и три предлог-одлуки од областа на урбанизмот.


На денешната седница беа усвоени и предлог-одлуките за прифаќање на изработка и имплементација на проектите „Изработка на проектна/техничка документација за основен проект Уредување на поројот Тутеј во село Габрово, општина Струмица“ и „Изработка на на проектна/техничка документација за основни проекти за фекални канализациони системи во населените места Градско Балдовци и Сачево – општина Струмица“.


„Најмногу внимание кај советниците предизвика кварталниот извештај за извршување на буџетот за четвртиот квартал за 2014 година, со кој се добива завршна слика за економската состојба на општина Струмица. Буџетот за 2014 година е реализиран 85 проценти, што е добар процент на реализација имајќи ги во предвид сите останати општини во Република Македонија, не е правен ребаланс, туку, буџетот е оставен така како што треба да се реализира. Претпоставувам дека нереализираниот дел е од забраната за продажба на градежно неизградено земјиште, поради предвремените параламентарни и редовните претседателски избори, а токму од тоа се реализира и најголем процент на буџетот на општина Струмица. Сметам дека Струмица се движи во добра насока“ - рече Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...