Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на говорот на претседателот на Советот за Борис Трајковски

Четврток, 26 Февруари 2015

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, со реакција на денешниот говор на претседателот на Советот на Општина Струмица, Јосиф Христов

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, со реакција на денешниот говор на претседателот на Советот на Општина Струмица, Јосиф Христов, по повод 11-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски.


„Покојниот претседател Борис Трајковски беше претседател на сите граѓани, веруваше во самостојна, суверена и демократска Македонија. Македонија во која се почитуваат волјата на граѓаните, веруваше во функционирање и почитување на институциите на системот.


Таа борба за подобра Македонија во која тој веруваше, претседателот Трајковски ја водеше до неговото трагично загинување.


Денеска на денот на трагичното загинување на претседателот Борис Трајковски, бевме сведоци како СДСМ преку претседателот на Советот на општина Струмица, безсрамно го искористија настанот на дневно-политички цели.


Имено, денеска на денот кога се одбележуваат 11 години од трагичното загинување на претседателот Борис Трајковски, ОО на СДСМ Струмица безскруполозно и лицемерно го искористија за сопствено толкување на она во што верувал покојниот претседател.


Ја потсетуваме јавноста дека СДСМ, Борис Трајковски наместо претседател го нарекуваа „граѓанин“ и не го признаваа неговиот легален избор и мандат кој го доби од граѓаните.


Затоа го повикуваме СДСМ да се одважат и јавно да се извинат на семејството Трајковски и на сите граѓани на Република Македонија за денес искажаното лицемерие поврзано со ликот и делото на покојниот претседател Борис Трајковски“ - стои во писмената реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...