Испечатете ја страната

11 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Четврток, 26 Февруари 2015

Денеска во Струмица се одржа чествување по повод 11-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

По повод 11 години од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа заедно со неговите најблиски соработници, денеска во неговата родна Струмица, пред споменикот „Македонија“, се одржа чествување.


За животот и делото на претседателот Трајковски, говореше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.


„Струмица се гордееше со Борис Трајковски како што тој се гордееше со Струмица. Таа взаемна љубов беше повеќе од очигледна. Токму затоа, во името на таа љубов, општина Струмица уште пред девет години го подигна споменикот „Македонија“ во негова чест, за да ни биде вековит спомен за неговиот лик и дело, нам и на генерациите струмичани кои доаѓаат по нас. „Сите ние споделуваме една иста судбина наречена Македонија“ стои на натписот на овој споменик, како трајно сведоштво за тоа, како претседателот Борис Трајковски ја доживуваше својата родна земја. Тој уште знаеше да каже „верувам во Македонија“ и таа негова верба беше силна и искрена. Но нели е време да се запрашаме, во каква Македонија веруваше тој. Нели е време да си признаеме, дека Борис Трајковски не веруваше дека Македонија ќе биде таква каква што е денес. Да беше денес жив, сигурно ќе беше многу разочаран. Во таква Македонија тој не веруваше. Струмичанецот, Македонецот и човекот Борис Трајковски на денешен ден пред единаесет години замина во вечноста. Останува споменот за него и гордоста што беше дел од нас. Тој е еден од оние луѓе кои остануваат да живеат и по нивната смрт. Така ќе биде за вечни времиња“ - рече Христов.


Членови на семејството Трајковски, положија свежо цвеќе пред неговиот споменик. Свежо цвеќе положија и членови на Советот на Општина Струмица, на политичките партии, Сојузот на борците, СВР Струмица, од Заводот за рехабилитација – Бања Банско, од средните општински училишта, Здруженија на граѓани и други.


Членови на Рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, интерпретираа рецитал посветен на претседателот Борис Трајковски.


Традиционално и годинава, во Градскиот парк спроти споменикот „Македонија“, членови на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, засадија дрвце во чест на претседателот Трајковски.


Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до неговата смрт во 2004 година.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „Напред Розово“

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „На…

Сеп 26, 2021 Вести

Здружението „Борка - за секој нов ден“ денеска во Струмица организираше настан „Race for the Cure“, во рамките на 13-то издание на хуманитарната маниф...

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното пре…

Сеп 26, 2021 Вести

Од 1 декември новоформираното Јавното претпријатие „Астра Луна“ во Струмица ќе започне со секојдневни активности за грижа и заштита на бездомните живо...

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Сеп 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица денеска интервенирала во атарот на селото Ваељуса, каде гореше нискостеблеста шума. Интервенирале 13 пожарникари с...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и се попишаа на Пописот 2021

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должн…

Сеп 26, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската долж...

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...