Анкета: Независност и објективност на правосудните органи во општина Струмица

Вторник, 17 Февруари 2015

Еден од начините за собирање на податоци за успешна имплементација на проектот е анкетирање на околу 250 граѓани

Здружението „НОВУС“ од Струмица, како организација која што делува на локално, регионално и национално ниво и чија што цел е промовирање на европски вредности и политики во рамките на „Мрежа 23“, проект финансиран од Европската Унија (ИПА 2013-333-780), го спроведува проектот „Независноста и објективноста на правосудството во општина Струмица согласно Поглавје 23 - втемелени постулати или предизвик за реформи“.


Независноста и објективноста на правосудниот систем, како една од темелните вредности воопшто на Европската Унија, како клучна област од поглавјeтo 23 е политика која треба да се применува, усовршува и зајакнува. Согласно последниот Извештај Европската Комисија за напредокот на Република Македонија, оваа област забележува уназадување и ќе претставува клучен сегмент врз кој ќе се мери напредокот на земјата во процеост на пристапување. Аналогно на тоа, главниот проблем кој ќе биде опфатен со овој проект е независноста и објективноста на правосудниот систем на локално ниво, односно, колку судството на ниво на општина Струмица е непристрасно и објективно.


Основната хипотеза поаѓа од тоа дека за да се даде одговор на ова прашање и да се изнајдат соодветни решенија за унапредување на оваа политика и зајакнување на капацитетите на правосудството, потребно е да се направи сеопфатна анализа која ќе биде базирана на податоци кои ќе бидат добиени со примена на различни методи.


Еден од начините за собирање на податоци за успешна имплементација на проектот е анкетирање на околу 250 граѓани, во сооднос 60% од градот и 40% од руралните места, запазувајќи го соодносот 50% мажи и 50% жени. Тоа е репрезентативен примерок преку кој ќе се добие јасна слика за тоа дали граѓаните веруваат на правосудните органи во општина Струмица.


Анкетата можете да ја најдете на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1Srh0nG5pRlxRjdx9TcWhbuj_PDIcaChQhk7mtRD-zjA/viewform

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

При крај е изградбата на мостот на реката Турија помеѓу селата Просениково и Сарај

При крај е изградбата на мостот на реката Турија помеѓу села…

Фев 25, 2021 Вести

Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...

Премиерот Зоран Заев, Хесенската мировна награда што ја доби заедно со Ципрас ја донираше во Солидарниот фонд за справување со Ковид-19

Премиерот Зоран Заев, Хесенската мировна награда што ја доби…

Фев 25, 2021 Вести

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја добија Хесенската мировна награда, својот дел, парична сума од 12.500 ...

Жителите на Муртино и Сачево утре ќе бидат без вода

Жителите на Муртино и Сачево утре ќе бидат без вода

Фев 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради отстранување на дефект на водоводната мрежа, утре (петок, 26 февруари), од 07:00 часот ќе биде пр...

Општината ги активира своите јавни претпријатија за миење на улиците во градот Струмица

Општината ги активира своите јавни претпријатија за миење на…

Фев 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Јавната хигиена секогаш е наш приоритет. Со покачувањето на температурите, денеска започнавме со миење на улиците во градот. Во оваа акција се вклуче...

Учениците Славе и Зоран од СОУ „Никола Карев“ изработија мебел за канцелариите на МОН

Учениците Славе и Зоран од СОУ „Никола Карев“ изработија меб…

Фев 24, 2021 Вести

Учениците Славе Мирчовски и Зоран Колев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица изработија мебел за потребите во канцеларии на Министерството за образование...

Домот за стари лица „Отворено срце“ има потреба од медицински сестри и негувателки

Домот за стари лица „Отворено срце“ има потреба од медицинск…

Фев 24, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...

Исчезнато е 15-годишно девојче од Градашорци, мајката се сомнева дека е кај момчето во Штип, бара помош од полицијата

Исчезнато е 15-годишно девојче од Градашорци, мајката се сом…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...

Дефект на главниот цевовод, без вода се жителите на Босилово, Радово, Робово, Еднокуќево, Секирник, Бориево и Турново

Дефект на главниот цевовод, без вода се жителите на Босилово…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...