Почнува карневалската фешта во Струмица!

Вторник, 17 Февруари 2015

На интернационалната карневалска вечер ќе учествуваат 22 групи од странство

Од утре почнува осумдневното карневалско празнување во градот на забавите - Струмица, каде и ќе се одржи најголемата забава под маски во Македонија, Струмичкиот карневал 2015-та.


Карневалџии од Струмица, Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија и Турција, на публиката од сите краишта на Македонија ќе им понудат богата програма и незаборавни карневалски доживувања. 22 групи од странство ќе учествуваат во карневалската поворка на главната интернационална вечер на 21 февруари.


Според Александар Цицимов, претседател на организациониот одбор на карневалот, ова е одлична бројка на учесници од странство, кои заедно со домашните ќе понудат уште едно прекрасно карневалско издание.


Детскиот маскенбал кој ќе се одржи утревечер е првата понуда со која ќе стартуваат годинашните карневалски празнувања, а ќе продолжат на 19-ти февруари со објавувањето на резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал, изложба на фотографии од карневалот 2014 и традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“. Свеченото отворање ќе се одржи на 20-ти февруари со традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата на карневалот, а на 21-ви е главната интернационална карневалска вечер. Карневалските празнувања продолжуваат со детскиот карневал на Прочка, на 22 февруари, на 23-ти е чист понеделник, кога традиционално се вари бел грав, а истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал. Традиционалното карневалско корзо и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 24 февруари и карневалските празнувања завршуваат на 25 февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Домот за стари лица „Отворено срце“ има потреба од медицински сестри и негувателки

Домот за стари лица „Отворено срце“ има потреба од медицинск…

Фев 24, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...

Исчезнато е 15-годишно девојче од Градашорци, мајката се сомнева дека е кај момчето во Штип, бара помош од полицијата

Исчезнато е 15-годишно девојче од Градашорци, мајката се сом…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...

Дефект на главниот цевовод, без вода се жителите на Босилово, Радово, Робово, Еднокуќево, Секирник, Бориево и Турново

Дефект на главниот цевовод, без вода се жителите на Босилово…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...

Вчера во акциска контрола Струмичката полиција санкционирала 109 возачи за брзо возење

Вчера во акциска контрола Струмичката полиција санкционирала…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичката полиција информира дека во текот на вчерашниот ден, односно во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на подрачјето што го покрива СВР Стумица ...

Планинарите тргнаа кон вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски

Планинарите тргнаа кон вечното почивалиште на претседателот …

Фев 21, 2021 Вести

Планинари на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица, придружени од планинари од Валандово, утрово од пред споменикот „Македонија“ во Градскиот па...

Евроамбасадорот Дејвид Гир ги посети манастирите во Водоча и Вељуса

Евроамбасадорот Дејвид Гир ги посети манастирите во Водоча и…

Фев 21, 2021 Вести

По завршувањето на церемонијата околу отворањето на „Европската куќа“ на Делегацијата на Европската Унија во Струмица, евроамбасадорот Дејвид Гир и пр...

Европската Унија денеска во Струмица отвори Европска куќа за младите

Европската Унија денеска во Струмица отвори Европска куќа за…

Фев 20, 2021 Вести

Делегацијата на Европската Унија во Македонија, денеска напладне во Струмица ја стави на користење на младите од струмичкиот регион третата Европска к...

Во Струмица се собираат потписи за поништување на Законот за Попис

Во Струмица се собираат потписи за поништување на Законот за…

Фев 20, 2021 Вести

Од денеска напладне на просторот кај маркетот „Тинекс“ во Струмица, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ постави пункт за собирање на потписи од граѓанит...