Испечатете ја страната

Бегалец од струмичкиот затвор фатен на граничен премин кон Бугарија

Недела, 15 Февруари 2015

41 годишен Ѓорѓи Иванов, избегал од ќелијата на струмичкиот затвор на 2-ри февруари

Осуденик во акцијата „Детонатор“ фатен во обид да избега од државата. 41 годишен Ѓорѓи Иванов, избегал од ќелијата на струмичкиот затвор на 2-ри февруари. Тој се криел во викендица во Јабланца, Беровско, од каде со такси возило заминал до граничниот премин Ново Село. Бил пречекан од бугарски државјанин, кој пеш го спровел до бугарската граница.


По претходни сознанија на полицијата за локацијата каде избегал затвореникот, веднаш се преземени оперативни мерки. Биле поставени фото камери на преминот кои го сигнализирале движењето на лицата.


Регионалниот центар Исток со помош на колегите од бугарското МВР ги уапсиле затвореникот и неговиот потпомагач, кој успеал да ја мине границата. Сеуште се трага по третиот соучесник во бегството.


Дополнително ќе се истражува како лицето успеало да избега преку решетките на затворот во Струмица и кој му помогнал во тоа.


Иванов од Кочани е осуден за перење пари преку нелегални покер апарати, комар, игри на среќа. Затвореникот е дел од групата детонатори, но е приведен во дополнителната акција на полицијата. Тој е осуден на 4 години, но казната му ја зголемиле уште неколку други кривични дела.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...