Утре (недела), со почеток во 19:30 часот во Домот на АРМ во Струмица, Драмското ателје при СОУ „Димитар Влахов“, премиерно ќе ја изведе претставата „Дали да платам, не сакам да платам, нема да платам“ од италијанскиот комедиограф Дарио ФО, во режија на Кире Ѓорѓиев.
Ова е шеста претстава на режисерот Кире Ѓорѓиев со членовите на Драмското ателје при СОУ „Димитар Влахов“, со кои има постигнато значајни успеси на државни и меѓународни театарски фестивали.
Во претставата „Дали да платам, не сакам да платам, нема да платам“ играат младите актери, учениците: Софија Андонова - Антонија, Ивана Ковачева - Маргерита, Перо Илиев - Џовани, Блаже Јанев - Луиџи и Елена Трајкова - госпоѓа полицајка. Костимите и сцената ги направи Васе Ценев, а ментор на претставата е професорката Олгица Хаџиева.
Недела, 15 февруари | 19:30 часот | Дом на АРМ Струмица