Кошаркарите на „Струмица“ вечерва во рамките на 13-то коло од Првата кошаркарска лига, на домашен терен загубија од екипата „Водњански лисици“ од Скопје со резултат 71:70.
И покрај тоа што КК „Струмица“ во првото полувреме водеше и со двоцифрена разлика, „Лисици“ успеја резултатски да се вратат и во неизвесната завршница со тројка на Илан Буш да поведат со 71-68. Откако Цветков реализираше за намалување на 71-70, Буш одигра одлично и во одбрана и со украдена топка од Сањин Балаш донесе прв триумф за „Лисици“ во сезоната, со што ја направи дополнително интересна борбата за опстанок во лигата.
Најпрецизен кај скопскиот тим беше Иван Саздов со 18 поени додека Буш и Андреј Биљановски постигнаа 12 поени. Марио Хасанов со 29 и Сањин Балаш со 14 поени беа најдобри кај струмичкиот тим.
КК „Струмица“ се наоѓа на седмата позиција со 14 бодови (3-8).