ГРОЗД го прослави Свети Трифун на лозовите плантажи „Шапкар“

Сабота, 14 Февруари 2015

Оваа година подигнавме околу 15 хектари десертни сорти на грозје „Викторија“, кое е доста популарно во последните години

За успешна и плодна година, вработените од Винарската визба на АД „Грозд“ од Струмица го прославија денешениот празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите.


Прославата се одржа на лозовите плантажи во реонот „Шапкар“, каде вработените, деловни партнери, пријатели и градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, присуствуваа на боженствената молитва која ја отпеа отец Боро Милчев од Струмичката Православна Епархија на МПЦ.


Речиси сите се помолија оваа година да биде поуспешна, а светецот Трифун да ги штити лозовите плантажи од секави болести и елементарни непогоди од кои се очекува добар род.


„Ние последните десеттина години, секоја година посадуваме нови лозови насади. Во една година засадивме околу 75 хектари, што беше една огромна површина, но еве успеавме да го подигнеме на третата година на род. Но и оваа како и предходните години засадуваме по 19-20 хектари нови лозови насади. На лозовите насади на „Грозд“ се застапени скоро сите вински и десертни сорти на грозје. Оваа година подигнавме околу 15 хектари десертни сорти на грозје „Викторија“, кое е доста популарно во последните години. Што се однесува до винските сорти, исто така ги обновуваме и се застапени скоро сите сорти“ - рече сопственикот Васе Митев, кој прв ги закроја лозовите насади на оваа компанија.


Винарската визба „Струмичко поле“ на АД „Грозд“ е една од најсовремените во нашава земја, а заради квалитетот на грозјето од лозовите плантажи на оваа фирма се произведуваат најквалитетите и најбараните вина во земјава и Европа, за што сведочат многуте награди што ги има освоено „Грозд“.


ФОТОГАЛЕРИЈА

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...