Денеска е Свети маченик Трифун - Заштитник на градинарите и на лозарите

Сабота, 14 Февруари 2015

Свети Трифун е покровител на љубовта, на милоста и заштитник на секоја христијанска душа, кој е полн со љубов, милост и доброта

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници.


Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.


„Ние македонскиот народ, па и целиот православен народ, традицијата за Свети Трифун ја имаме како небесен покровител на секоја градина, на секоја винова лоза, против секаква болест, против секаков смртоносен воздух, и така ние христијаните го сметаме како голем молитвеник, како голем заштитник на христијанскиот ден. Во никој случај не можеме да го прифатиме тоа од озборувањата дека Свети Трифун е Трифун на ракијата или виното. Не, тоа никако не смееме ни да си спомнеме, а камо ли пак да го чуеме од нашите усти или од секоја христијанска уста што излегува. Со еден збор кажано, Свети Трифун е покровител на љубовта, на милоста и заштитник на секоја христијанска душа, кој е полн со љубов, милост и доброта“ - вели отец Боро Милчев од Струмичката Православна Епархија.


Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.


Според народните верувања, ако на денот на Свети Трифун врне дожд или снег, годината ќе биде плодна, а ако е ведро времето, не очекува сушна и јалова година.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...