Општина Струмица го промовираше првиот ЛЕСС интернет портал во Македонија

Среда, 11 Февруари 2015

Општина Струмица денеска го промовираше првиот веб портал на првиот Локален Економско Социјален Совет

Општина Струмица денеска го промовираше првиот веб портал на првиот Локален Економско Социјален Совет, формиран во државата во рамките на проектот УСАИД Мрежа Јес.


„Овој портал треба да биде нова можност, алатка за воспоставување двонасочна комуникација со една единствена цел да се практицира социјалниот дијалог во локалната заедница и секако во државата. Се надевам дека овој веб портал ќе им даде можност на граѓаните своите иницијативи и идеи во рамките на своите потреби да ги артикулираат до официјалниот Локален Економско Социјален Совет на општина Струмица кој што е легитимно советодавно тело на Советот на општина Струмица да ги промовираат своите заложби, а со цел заедно да работиме и да придонесуваме во креирањето на општинските политики и да влијаеме на Советот на општина Струмица заради подобрување на општествениот амбиент во локалната заедница. Се надевам дека сите заеднички ќе ја искористиме оваа можност и уште еднаш ќе покажеме дека општина Струмица секогаш е лидер во многу нешта па и во овој сегмент и се надевам дека ќе бидеме пример и за другите веќе воспоставени Локални Економски Социјални Совети во државата да го практикуваат овој модел“ - рече Тони Милушев, претседавач на Локален Економско Социјален Совет на општина Струмица.


Промовирањето на првиот ЛЕСС веб портал го поздрави Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.


„Струмица била и ќе продолжи да биде општина пионер и општина предводник за многу позитивни случувања и резултати кои одат во прилог на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, растот на економијата, вработувањето на младите и вклучување на ранливите категории во сите општествени текови. Ја изразувам мојата голема благодарност за напорите што ги вложува ЛЕСС Струмица во поддржувањето, охрабрувањето и градењето социјален дијалог како фактор за позитивни општествени промени во Република Македонија“ - рече Христов.


Со општина Струмица постигнавме одлични резултати и ќе продолжиме и понатаму заедно да работиме, истакна Ѓорѓи Кушевски, директор на проектот УСАИД Мрежа ЈЕС.


„Проектот на УСАИД младинска мрежа за стекнување вештини за вработување има за цел подобрување на вештините на младите за вработување и нивна подобра конкуренција на пазарот на трудот. Една од основните цели на кој работи проектот е зајакнување на дијалогот помеѓу сите заинтересирани страни кои учествуваат во подобрувањето на вештините за вработување на младите , а тоа се образовните институции, општината, бизнис секторот, агенцијата за вработување и невладиниот сектор во локалната самоуправа“ - рече Кушевски.


Локалниот Економско Социјален Совет на општина Струмица кој е прв во Македонија, со работа почна во декември 2011 година.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...