Никола Маџиров добитник на наградата „Левју Литерер”

Среда, 11 Февруари 2015

Никола Маџиров, е добитник на меѓународната поетска награда „Левју Литерер” за 2014 година

Светски познатиот македонски поет од Струмица, Никола Маџиров, е добитник на меѓународната поетска награда „Левју Литерер” (Levure Littéraire) за 2014 година, која се доделува од истоименото списание за современа литература и уметност со седиште во Франција.


Во конкуренција на стотина современи автори од повеќе европски и светски земји, меѓународното жири се одлучи да ја награди поезијата на Маџиров, која беше објавена на француски, англиски и кинески јазик. Меѓу неколкуте добитници се и автори од САД, Франција, Англија и Турција.


Поезијата на добитниците на наградата ќе биде објавена во посебна антологија која ќе се испечати во видна издавачка куќа во САД, а ќе се организираат читања и средби со авторите во неколку земји.


Маџиров досега ги има добиено меѓународната награда „Хуберт Бурда” за автори од Источна Европа, чие жири беше предводено од Петер Хандке, наградата за современа светска поезија „ДЈС” во Кина, како и повеќе меѓународни книжевни грантови: „Маргерит Јурсенар” во Франција, „IWP” во САД, „ЛЦБ” во Берлин и други. Неговата поезија е преведена и објавена на над 40 јазици во педесетина земји.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...