Во почетокот на февруари во 1904-та година селото Куклиш, кај Струмица било запалено од страна на турскиот аскер.
Во оваа злосторство на Турците биле убиени 70-тина жители на селото, многу жени биле силувани, а голем број семејства останале без своите домови. Низ историјата, селото Куклиш три пати било запалувано, во 17-от век за кое нема точни податоци кој период, во 1904-та и пред 103 години.
По повод 111-годишнината од опожарувањето на Куклиш, во присуство на претставници на општината, на Сојузот на борците, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ и жители на Куклиш, денеска пред Спомен костурницата во селото се одржа Панихида за паднатите жртви, а беше положено и свежо цвеќе.