Половина од обработливото земјиште во Македонија е поплавено, а министерот за земјоделство како да не е од оваа планета, обвинуваат од Синдикатот на земјоделци во Струмичкиот регион.
Претседателот на Синдикатот на земјоделците, Ристо Велков, го повика министерот за земјоделство да излезе на терен и да им се помогне на земјоделците во овие тешки денови.
„Земјоделството пропаѓа по сите гранки, овие поплави уште повеќе ќе ги намалат приходите на земјоделците, а вас ве нема на теренот. Затоа сакаме да ве прашаме, ако се уништи земјоделството во Македонија на кого ќе бидете министер вие“ - рече Велков на прес конференцијата.
Земјоделците побараа и исплата на субвенциите, проценка на штетите и исплата во најкус можен рок, како и програма за чистење на каналите и одводнување на нивите.