Денеска во периодот од 07:00 до 19:00 часот во Струмица наврнале 13 литри на м² воден талог - информираат од регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица.
По денешните врнежи, засега нема покачување на нивото на реката Струмица и речните корита. Нема пријави од граѓаните за евентуално излевање на речните корита и поплавување, велат за Радио СтрумицаНет од Центарот за управување со кризи.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека вечерва во крајниот источен и југозападен дел има се уште слаб локален дожд, а на планините провејување на снег. Дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Во текот на првата половина од ноќта врнежите насекаде ќе престанат.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи, претежно од снег со слаб интензитет. Од понеделник под влијание на продор на многу студена воздушна маса од север, времето ќе биде значително постудено, на повеќе места со силен северен ветер.