Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и во Струмица со хуманитарна акција, преку која ќе им помогнат на жителите од поплавените региони.
Денеска пред Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, младите од ВМРО-ДПМНЕ, организираа акција за донирање вода за пиење, но и други неопходни средства во храна и облека и средства за лична хигиена.
Орце Ѓоргиевски, координатор на Изборната единица 4 на Унија на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, денеска од Струмица упати апел до сите граѓани на општина Струмица и регионот, да донираат на штандот поставен пред „Глобал“, и да се јавуваат на посебните телефонски броеви за донации за граѓаните од поплавените региони, меѓу кои е и Струмичкиот регион.
Акцијата започна во понеделник и ќе трае до недела 8-ми февруари.