Синоќа во Домот на АРМ во Струмица се одржа јавна дебата на тема: „Волонтерство - има/нема бенефит?!“, во организација на Центарот на заедницата на општина Струмица, заедно со членовите на дебатниот клуб на Младински образовен форум во Струмица.
На дебата се говореше за позитивните искуства и стекнувањето вештини кај младите преку волонтерството, а беа презентирани ставови на два спротивставени тима, афирмациски и негациски тим составени од ученици од Струмица.
Тимовите го изнесуваа својот став за и против волонтирањето, која е целта на волонтирањето, зошто е корисно да се волонтира, но и вреди ли да се работи некоја работа без финансиски или друг бенефит, дали некому би помогнале околу нешто без да се очекува било што за возврат.
Во дебатата активно се вклучи и публиката споделувајќи позитивни и негативни искуства околу волонтирањето.