Во рамките на проектот „Наследство“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција 2007 – 2013, во хотелот „Сириус“ се одржа дводневна обука за туристички водичи на која учествуваа претставници од Струмица и Кукуш.
„Се работи за тема која што е апсолутно релевантна и за Струмица и за регионот, без оглед дали ќе ги погледнеме статистичките податоци кои што покажуваат раст на сите индикатори поврзани со туризмот, пред се мислам на бројот на туристи, бројот на реализирани ноќевања, бројот на соби и слично, или пак, податоците од светската асоцијација за туризам кои што предвидуваат раст на секторот туризам и патување во Македонија, од околу 5 проценти до 2020 година. Токму поради тоа со оваа активност се дава можност на одредени лица од регионот да се стекнат со основни знаења и компентенции во врска со нивни иден, основен или дополнителен ангажман од оваа област. На обуката учествуваат 12 лица од Струмица и исто толку од Кукуш. Се работи пред се за млади лица кои имаат определени претходни знаења во поглед на туризмот кои низ процесот кој што беше од наша страна воден беа селектирани како лица кои што во иднина имаат можност да бидат надополнување на услугите кои што се нудат од оваа овласт во градот и регионот“ - рече Ѓоко Ристевски, раководител на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови при општина Струмица.
Претставниците на Кукуш истакнаа дека оваа обука е прекрасна можност за размена на искуствата од областа на туризмот.