Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов влажен бран од запад, кој ќе услови облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните и источните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.
Викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет. Од понеделник ќе биде значително постудено со засилен северен ветер.