Струмичките градинки добија ново возило за превоз на храна

Среда, 04 Февруари 2015

Градинката „Детска радост“ во Струмица од денеска има ново возило за превоз на храна

ЈУ детски градинки „Детска радост“ во Струмица од денеска има ново возило за превоз на храна.


Во октомври минатата година, амбасадорката на Сојузна Република Германија, д-р Кристине Алтхаузер, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и директорката на градинката „Детска Радост“, Тинка Маркова, потпишаа договор за донација од германската амбасада, за поддршка при реализација на трилатерален проект за набавка на ново возило за секојдневен транспорт на оброци во пет детски градинки и една народна кујна во Струмица. Проектот е финансиран преку програмата за мали проекти на германската амбасада.


Марина Серафимовска, стопански советник во германската амбасада, денеска и го предаде клучот од новото возило на Тинка Маркова, директор на градинката.
„Проектот е во износ од 14.240 евра, од кои најголем донатор за купување на ова моторно возило е германската амбасада во износ од 8 илјади евра, а останите средства се исплатени од општина Струмица и од крајниот корисник, градинката „Детска радост“. Возилото ќе се употребува за дистрибуција на храна до останатите градинки и до народната кујна која што се наоѓа во Струмица. И се заблагодарувам на германската амбасада и се надевам дека овој проект нема да биде последен, туку ќе имаме и други проекти“ - рече Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.


Претставничката на германската амбасада истакна дека со задоволство учествувале во имплементацијата на овој проект.


„Голема ми е честа што денеска сум во Струмица. Повод за тоа се два проекти од програмата за мали проекти на германската амбасада. Во Струмица се погоди оваа година да имаме два проекти, едниот е поддршка на здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“, каде дониравме рампа за влез во возило на лица кои што се со телесен инвалидитет и се во инвалидска количка, а исто така дониравме и грејно тело кое ќе се користи во нивните простории. Што се однесува до донацијата во Детската градинка и нејзините клонови во општина Струмица, јас ви посакувам на сите со здравје да се служите со возилото уште долги години, а германската амбасада со големо задоволство го имплементираше овој проект“ - рече Марина Серафимовска.


Од името на Детската градинка, директорот Тинка Маркова, им се заблагодари на германската амбасада и на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. При тоа таа рече дека со ова возило ќе се подобри навременото и безбедно дистрибуирање на храната помеѓу петте детски градинки и една народна кујна.


Возилото ги исполнува сите светски стандарди за превоз на храна (НАССР) како и нормите за издувни гасови, со што ќе придонесe за поголема безбедност на храната за најмалите и помало загадување на животната средина.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Домот за стари лица „Отворено срце“ има потреба од медицински сестри и негувателки

Домот за стари лица „Отворено срце“ има потреба од медицинск…

Фев 24, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...

Исчезнато е 15-годишно девојче од Градашорци, мајката се сомнева дека е кај момчето во Штип, бара помош од полицијата

Исчезнато е 15-годишно девојче од Градашорци, мајката се сом…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...

Дефект на главниот цевовод, без вода се жителите на Босилово, Радово, Робово, Еднокуќево, Секирник, Бориево и Турново

Дефект на главниот цевовод, без вода се жителите на Босилово…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...

Вчера во акциска контрола Струмичката полиција санкционирала 109 возачи за брзо возење

Вчера во акциска контрола Струмичката полиција санкционирала…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичката полиција информира дека во текот на вчерашниот ден, односно во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на подрачјето што го покрива СВР Стумица ...

Планинарите тргнаа кон вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски

Планинарите тргнаа кон вечното почивалиште на претседателот …

Фев 21, 2021 Вести

Планинари на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица, придружени од планинари од Валандово, утрово од пред споменикот „Македонија“ во Градскиот па...

Евроамбасадорот Дејвид Гир ги посети манастирите во Водоча и Вељуса

Евроамбасадорот Дејвид Гир ги посети манастирите во Водоча и…

Фев 21, 2021 Вести

По завршувањето на церемонијата околу отворањето на „Европската куќа“ на Делегацијата на Европската Унија во Струмица, евроамбасадорот Дејвид Гир и пр...

Европската Унија денеска во Струмица отвори Европска куќа за младите

Европската Унија денеска во Струмица отвори Европска куќа за…

Фев 20, 2021 Вести

Делегацијата на Европската Унија во Македонија, денеска напладне во Струмица ја стави на користење на младите од струмичкиот регион третата Европска к...

Во Струмица се собираат потписи за поништување на Законот за Попис

Во Струмица се собираат потписи за поништување на Законот за…

Фев 20, 2021 Вести

Од денеска напладне на просторот кај маркетот „Тинекс“ во Струмица, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ постави пункт за собирање на потписи од граѓанит...