Општина Струмица заедно со месното население се справува со надојдените води

Недела, 01 Февруари 2015

Најкритично е во населените места Муртино и Сачево. Таму веќе под вода се дел од пластениците и обработливото земјоделско земјиште

Општина Струмица со сите расположливи ресурси, луѓе и механизација, денеска, заедно со месното население се справуваат со надојдените води на реката Струмица која е пред излевање.


Најкритично е во населените места Муртино и Сачево. Таму веќе под вода се дел од пластениците и обработливото земјоделско земјиште. Се прават напори да не се поплават домовите. На неколку најкритични точки е целокупната механизација на ЈПКД „Комуналец“, Територијалната противпожарна единица и членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување.


Според командантот на штабот, Кирил Парталов, со камиони се носи песок и се полнат вреќи од кои се прави заштитен ѕид од надојдените води на критичните места, а активирана е и целокупната механизација.


Општина Струмица сама се справува со надојдените води во речните корита и одводните канали, велат од општината, откако Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и водостопанското претпријатие „Струмичко поле“ не покажаа сериозен однос во превземањето на превентивни мерки за заштита од поплавите.


И месното население од Муртино, Сачево, Просениково и Дабиле пред две години, но и пред поплавите од минатиот викенд, бараше од надлежните државни органи, а пред се од „Струмичко поле“ да се исчистат коритата на реките и каналите за да се спречат поплави. Тие не се исчистија, а поплавите им предизвикаа милионски штети на жителите од овие населени мести.


За да ги заштити имотите на овие луѓе, општина Струмица ги активираше сите свои ресурси во изминатите деновиве, а и денеска, работи во одбрана на загрозените места од надојдените води.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Мај 24, 2022 Вести

Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, им кажа Костадинов на просветните работници

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рак…

Мај 24, 2022 Вести

Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2022 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за…

Мај 23, 2022 Вести

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун поставена изложба на Кристина Зимбакова

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун пост…

Мај 22, 2022 Вести

На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ на фестивалот НЕТА

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Е…

Мај 22, 2022 Вести

Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

Мај 21, 2022 Веб Билборд

Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...