Општина Струмица: Министерството за култура без поддршка на карневалот

Среда, 28 Јануари 2015

Министерството за култура не успеа да ги препознае вредностите на Струмичкиот карневал и не го поддржува

Струмичкиот карневал, манифестација со вековна традиција и со најголем број учесници и посетители во Република Македонија, како да не постои за Министерството за култура. Ова министерство ја одби пријавата на општина Струмица за проектот меѓународен Струмички карневал 2015, доставена на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на музичка и музичко – сценска дејност за 2015 година. Нема конкретно образложение зошто се одбива пријавата на општина Струмица, туку, дека се одбива согласно со дополнително направената уметничка, професионална и непристрасна селекција на стручната комисија за музичко-сценска дејност, согласно оценката на квалитетот на проектот изразен преку целите и ефектите на проектот и конципираноста на проектот во согласност со приоритетите во музичка и музичко – сценска дејност за 2015 година.


Срамно и жално, истовремено. Светот ги виде, а Министерството за култура не успеа да ги препознае вистинските вредности на Струмичкиот карневал. Ниту пак непристрасната комисија - стои во информацијата од Општина Струмица.


Да потсетиме: Од 1994 година Струмица е член на меѓународната асосцијација на карневалските градови - FECC, со што карневалот доби интернационален карактер и се вброи во картата на светските карневали. Како резултат на посебниот однос кон карневалот и вековната традиција Струмичкиот карневал прерасна во културна манифестација со која Струмица е препознатлива не само во Република Македонија, туку и многу пошироко. Слободно може да се каже дека Струмичкиот карневал не само што е најквалитетна карневалска манифестација, истовремено е и манифестација со најголем број учесници и најголем број посетители во Република Македонија, најзастапена манифестација од Македонија на Интернет, препорачана во културното списание на Советот на Европа и во едно од специјализираните списанија на авиокомпанијата „ВИЗЗЕР“ и не случајно двапати е прогласен за Супер бренд на Македонија. Уште две големи признанија карневалот доби во 2013 година од списанието „Arabian travel news“, кое Струмичкиот карневал го вброи меѓу 20-те ТОП улични карневали во светот, а Министерството за економија на Република Македонија го прогласи за најдобра туристичка манифестација во Македонија.


Трендот на успеси продолжи и годинава. Најпознатата американска телевизија НБЦ својата репортажа за карневалите во светот ја наслови: „Од Бразил до Македонија: Карневалите ги започнаа шареноликите празнувања“, почнувајќи ја рeпортажата со карневалот во Рио за на крајот да заврши со Струмичкиот карневал.


Уште еден голем успех годинава беше и одлуката на Генералното собрание на FECC, одбележувањето на роденденот на FECC да се одржи во Струмица, во рамките на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од приемот на Струмичкиот карневал во Светската карневалска асоцијација.
И сето ова за Министерство за култура не е доволно финансиски да го поддржи Струмичкиот карневал, но затоа пак дарежливо е и тоа со милионски суми за останатите манифестации од таков тип во државата - стои во писмената реакција од Општина Струмица.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...