Отворено писмо на матурант од СОУ „Димитар Влахов“ Струмица

Среда, 28 Јануари 2015

Те пишува на списокот дека треба да полагаш во 9 часот... Си влегуваш во просторијата си седнуваш и чекаш, а што чекаш ни самиот не знаеш

Би сакал да им се заблагодарам на сите наставници и професори кои ни го продолжија зимскиот распуст. Исто така сакам да се заблагодарам што се здобивме со прекарот „експериментални глувци“, кој во целосен превод претставува збир на луѓе, т.е. ученици со кои професорите можат да прават што сакаат.


Стануваш во 6 часот за да одиш на училиште, стигнуваш во училиштето во 7 часот и што да видиш плакати, цртежи кои на нив пишува „КОН СОБАТА ЗА ШТРАЈК“, а наводно си дошол да полагаш екстерно. Ги прашуваш професорите кои случајно „се фрцкаат“, низ училиштето дали ќе се полага, дали воопшто ќе се одржи, а на тоа само еден одговор: „НИЕ ШТРАЈКУВАМЕ“... Прашање е зошто штрајкуваат?... Наводно штрајкувале за екстерното, бидејќи ги казнуваат. Не сум против, нека штрајкуваат, бидејќи екстерното е навистина „СРАЊЕ“.


Те пишува на списокот дека треба да полагаш во 9 часот... Си влегуваш во просторијата си седнуваш и чекаш, а што чекаш ни самиот не знаеш. Доаѓа еден возрасен човек кој работи во училиштето и ти вика: „ЈАС ШТРАЈКУВАМ“, но го правам ова за ваше добро, а потпиши се сега дека си бил овде, а екстерното не се одржало. Потоа доаѓат нови информации: Цитирам: - Не одете никаде доаѓаат тестатори кои не се нашите професори бидејќи они штрајкуваат. Па така, бидејќи ти нема што да правиш со самиот факт дека си „експериментален глушец“, си чекаш додека не дојдат тестаторите.


Помина 9 часот, 10, 11 часот, а нив уште ги нема и на крај ти викаат, нема денес екстерно ќе се одржи друг ден, кога они ќе сакаат и тоа може пред Државна матура. Уште толку да ти искомплицираат, бидејќи они штрајкуваат. На крај ти викаат, одете си дома нема што да правите овде.


Си одиш дома, бидејќи си мртов уморен од учење и одговарање на „безвезалните“ прашања кои ти се дадени да ги научиш, а кога ќе отидеш да полагаш, ако воопшто отидеш, истите ќе бидат заменети со други прашања за работи за кои прв пат слушаш. Но тоа не е се...


После одењето дома се пресоблекуваш и одеднаш ти заѕвонува телефонот: во 13 часот да бидеш овде ќе се полага екстерно, долгоочекуваните тестатори дојдоа. И ти, бидејќи пак се наоѓаш во ситуацијата „експериментален глушец“, се облекуваш и одиш да полагаш екстерно. Ти се јавуваат и ти кажуваат да одиш, а бидејќи нема што да правиш, ти си под нив, мора да ги послушаш, а притоа не те прашуваат дали можеш да дојдеш, дали имаш превоз, итн... И си одиш си полагаш екстерно колку да ти мине редот и си враќаш дома да спиеш.


Доаѓа нов ден, нови надежи, нови возбудувања. Доаѓаш да полагаш екстерно по веќе познатитот распоред за полагање, и има што да видиш, исплашени професори, бидејќи бројката за полагање се зголемила во однос на таа што полагаа ученици во 13 часот. Одиш во просторијата да полагаш и ти велат нема да полагате, бидејќи нема да ги добиете лозинките со кои мора да се најавиш за да полагаш. И со самиот факт дека си „експериментален глушец“, си одиш дома и не полагаш, со надеж дека пак ќе ти заѕвони телефонот во 13 часот. Но овој пат не заѕвони.


Имам само едно прашање... Дали вие професорите ќе престанете да штрајкувате и барем за малку ставете се во наша кожа и почуствувајте како е да бидеш растрчан насекаде, а притоа да не знаеш што правиш. Но секако тоа вие го знаете повеќе од нас, бидејќи вие сте само „потрчковци“ на едни сосем небитни личности во опшеството, кое се сведува на политичкото владеење.

 

Искрено разочаран матурант од СОУ „Димитар Влахов“ Струмица
(името на авторот и е познато на редакцијата)

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...