Крадел цела година, извршил десет тешки кражби

Среда, 28 Јануари 2015

СВР Струмица поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против В.Р.(38), поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторител 10 кривични дела

СВР Струмица поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против В.Р.(38), поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторител 10 кривични дела, од кои 9 кривични дела „тешка кражба“ по член 236 ст.1 и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 ст.5, од КЗ на РМ, и против Ѓ.П.(52) за сторено кривично дело „прикривање“, по член 261 од КЗ, бидејќи истиот од прво пријавениот за сума од 70.000 денари купил земјоделски препарати кои потекнуваат од извршени четири кривични дела од земјоделски аптеки.


На 03/04.12.2014 година првопријавениот со кршење на стаклото од влезната врата од магацинот на земјоделската аптека на „Агропродукт“ во Струмица, влегол внатре и извршил кражба на течно азотно ѓубриво со што причинил материјална штета од 46.410 денари.


Во времето од месец септември 2014 година до 23.12.2014 година, В.Р. го скршил стаклото од магацинскиот простор на земјоделската аптека „Агрофа 1“ во Струмица, влегол внатре и од магацинскиот дел извршил кражба на земјоделски препарати со што причинил материјална штета од 218.640 денари.


На 18/19.12.2014 година В.Р. со погоден алат го отстранил катанецот и насилно ја отворил влезната метална врата од земјоделската аптека на „Агро Ривал“, влегол внатре и од земјоделската аптека украл разни видови на земјоделски препарати во вредност од 46.458 денари.


На 25/26.12.2014 година, исто така извршил тешка кражба на начин што со погоден предмет го скршил стаклото од металната врата на подрумската просторија од магацинот на земјоделската аптека „Агро нова – 07“ во Струмица, влегол внатре преку прозорецот во магацинскиот дел од каде украл 30 шишиња од по 1 литар инсектицид со што причинил материјална штета од 84.000 денари.


Покрај наведените кривични дела од земјоделските аптеки првопријавениот во текот на 2014 година извршил шест „тешки кражби“ од продавници и трафики и тоа:


На 26/27.01.2014 година со погоден алат го скршил катанецот и ја отворил влезната врата од продавницата на ДТ „Зови Промет“ во Струмица, влегол внатре и извршил кражба на цигари и алхохол од различни марки со што причинил материјална штета од 95.000 денари.


На 01.08.2014 година првопријавениот со употреба на камен го скршил стаклото од излогот од помошната просторија од продавницата ДТ „Зови Промет“, низ направениот отвор влегол внатре во помошната просторија и од просоторот помеѓу вратата за продавницата и фрижидерот украл поголема количина на разновидни цигари со што причинил материјална штета од 56.830 денари.


На 16/17.05.2014 година В.Р. со подесен алат го исекол катанецот од трафиката ДООЕЛ „Вадин ВД“, ја отворил вратата од трафиката влегол внатре и извршил кражба на разновидни цигари со што причинил материјална штета од 12.850 денари.


На 01.09.2014 година првопријавениот со погоден алат го скршил катанецот од вратата на тобакото „Никол“, влегол внатре и во една од фиоките на работното биро украл 1.500 денари во разни апоени.


На 04/05.09.2014 година првопријавениот со погоден алат насилно ја отворил влезната врата од продавницата „Рози Компани“, влегол внатре и извршил кражба на разновидни цигари со што причинил материјална штета од 18.500 денари.


На 15.09.2014 година првопријавениот со погоден предмет насилно ја отворил влезната врата од продавницата ТП „Снежана АБ“, влегол во истата и украл разновидни цигари и 9.600 денари во разни апоени со што причинил материјална штета од 45.000 денари.


Од превземените мерки и активности СВР Струмица пронајде поголем дел од украдените земјоделски препарати и цигари - стои во соопштението од СВР Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...