Околу 400 барања за проценка на штетите oд поплавите

Вторник, 27 Јануари 2015

Според Кирил Парталов, во наредните денови ќе се работи и на санирање на коритата на реките и каналите кои извршија поплавување

Во изминатите три дена по поплавите доставени се околу 400 барања за проценка на штетите од страна на жителите на населените места Просениково, Сачево, Дабиле и Муртино. Во наредните денови членовите на Општинската комисија ќе излезат на терен и ќе ја започнат проценката на штетите од поплавите.


Според Кирил Парталов, секретар на општина Струмица, во наредните денови, а доколку дозволат временските услови, ќе се работи и на санирање на коритата на реките и каналите кои извршија поплавување на овој терен.


„Првичните работи кои што ги прави општина Струмица по катастрофалните поплави се утврдување на проценката на штетите кои што ги имаат граѓаните. За таа цел во саботата, неделата и понеделникот во самите населени места Просениково, Дабиле, Сачево и Муртино беа упатени општински службеници кои на лице место им помагаа на граѓаните за пријавување на штетите. До денеска имаме пристигнато околу 400 пријави од граѓаните од кои околу 20 пријави се за поплавување на домови. Тоа што денеска се работи е поврзано со санирање на коритата на реките кои што извршија поплавување на овој терен, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување се упатени неколку механизации за поправка на речното корито во Просениково, а исти такви механизации ќе се упатат во Муртино, Сачево и Дабиле. Со оваа, а по најавите од хидрометеорлошкиот завод дека деновиве ќе има уште поголеми дождови, сакаме навремено да извршиме поправка на овие речни корита, се разбира, доколку временските услови дозволуваат да влезе тешка механизација. Вчера беше одржан заеднички состанок со претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување и „Струмичко поле“ и поради тоа се овие преземени активности кои треба да се случат денеска или во наредните денови, доколку овозможат временските услови. Речното корито е во исклучива надлежност на „Струмичко поле“ и тие се надлежни за негово одржување и санирање за да не дојде до ваквите појави. Оваа во изминатиот период не беше направено и како резулат на тоа беа и поплавите пред две години, ние укажувавме на санација, укажуваа и граѓаните од овие населени места, меѓутоа тоа до денеска не се случи. Јас се надевам дека сега ќе почнат овие градежни работи за да се изврши оваа санација, за да не дојде до повторно поплавување“ - рече Парталов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...