Преседан со екстерното во СОУ „Димитар Влахов“, професорите реагираат!

Вторник, 27 Јануари 2015

Информација до родителите и учениците од професорите во СОУ „Димитар Влахов“

Професорите и останатите вработени во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, кои веќе шести ден се во штрајк, до нашата редакција испратија „писмена реакција“, за тоа што се случуваше денеска во училиштето.


Интегрален текст од информацијата на професорите:


Денеска во просториите на СОУ „Димитар Влахов“ Струмица се случи невиден преседан. Имено на шестиот ден од штрајкот на СОНК и покај уредно најавениот штрајк во училиштето во кое штрајкуваат сите наставници и вработени, се спроведуваше екстерно тестирање на учениците од завршните години на образование. За несреќа на вистината, тој не се спроведуваше од страна на училишната екстерна комисија, туку главни актери беа образовен инспектор и наставници од други училишта со сомнителна стручна спрема назначени од страна на МОН, пуштени под закана, сè со цел тестирањето да се спроведе ПО СЕКОЈА ЦЕНА.


Учениците беа уредно известени и беа во просториите точно навреме во 9 часот, но исто како претходниот ден, испитот не почна, бидејќи членовите на испитната комисија се во штрајк. Под итна постапка беше формирана испитна комисија во неполн состав, а од страна на партиски кругови, учениците беа повикани по телефон да се вратат во просториите на училиштето. Од вкупно 300 ученици, во 13 часот дојдоа само 20-тина и истите беа екстерно тестирани. Ваквиот преседан беше направен со цел да се каже дека, еве и во СОУ „Димитар Влахов“, единственото училиште во кое не почна екстерното тестирање, бидејќи вработените се во штрајк, истото е спроведено. Воопшто не се водеше сметка за исправноста на постапката, многу поважно беше до МОН да стигне информација дека тестирањето „УСПЕШНО” се спроведува. Апсурдот да биде поголем, на професорите кои штрајкуваа не им беше дозволено да излегуваат од просторијата за штрајкување дури ни да ги извршуваат физиолошките потреби, за да не го попречуваат процесот на тестирање. Едноставно вработените се чувствуваа како заложници на сопственото работно место. Исто така има информации и дека во текот на тестирањето на учениците им било дозволено да користат литература и мобилни телефони за да препишуваат, како би добиле поголеми оценки се со цел професорите да бидат казнети. Убедени сме дека ваквиот упад ќе има далекусежни последици во воспитно-образовниот процес. По секоја цена да се спроведе екстерно тестирање за време на штрајк е голема дрскост и демонстрирање сила. Ваквите постапки никому не одат во прилог, а посебно не на учениците. Ние сме тие кои ги учиме децата како да се придржуваат на моралните норми и закони, а не како да препишуваат и да добиваат оценки со дрскост и закани. Таквите лажни вредности не им ги наметнува никој друг, туку државните институции во нивната матична земја.


Професорите од СОУ „Димитар Влахов“ најавуваат дека резултатите од екстерното тестирање нема да ги прифатат и ќе поднесат приговор до ДИЦ.

 

Од професори и вработени
во СОУ „Димитар Влахов“ Струмица

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...