Жители на Дабиље и Просениково револтирани

Сабота, 24 Јануари 2015

Жители од поплавените места револтирани, затоа што според нив, причините за поплавите се неисчистените речни корита и канали

Жители од поплавените места револтирани, затоа што според нив, причините за поплавите се неисчистените речни корита и канали, иако повеќе пати реагирале и барале од државните органи тоа да го направат за да се спречат последиците.


„Оваа река 30 години не е исчистена, наместо да се даваат средства за луксузни работи нека се исчисти еднаш таа река, за да не страдаат пет села, ова е срамота. Најголемата вина е во Центарот за кризи оти навреме не не извести, народот многу доцна разбра оти водите идат“ - вели Бончо Божиков, претседател на Месната заедница во селото во Дабиље.


„Претрпевме голема штета. Првиот кат од куќата е поплавен, а од расадот уништени се 125.000 корени зелка и 30.000 домати. Во декември поднесовме барање до ЈП „Струмичко поле“ да дојдат и под итно да го санираат речното корито и трапот кој што е скинат од канализацијата што ја правеше општина Василево, затоа што од таму ни доаѓа водата. Цели две години никој не дојде да го санираат, само викаат не е наша ингеренција, а чија е, ќе видиме на суд, мора да поднесеме тужба. Со реката стопанисува „Струмичко поле“, а тие ни викаат дека не била нивна реката, па дури пред некој ден кога поднесовме барање, ни рекоа дека реката ја продаваат и ако сакаме можеме да си ја купиме, не била нивна реката па судот нека одлучи чија е, ни рекоа дека немале приходи од реката и затоа сакале да ни ја продадат“ - вели Тони Ѓорѓиев од селото Просениково.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги на 076/483-338

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги…

Мај 26, 2020 Вести

Бројот на Противпожарната единица во Струмица - 193 не е во функција поради дефект. Од таму информираат дека за итни случаи, пожар или друга непогода...

Телефонскиот број на Брзата помош 194 не функционира, за итни случаи користете го мобилниот број 076/290-160

Телефонскиот број на Брзата помош 194 не функционира, за итн…

Мај 26, 2020 Вести

Посебниот број на Итната медицинска помош 194 во моментот не функциониа поради дефект и не се знае кога ќе биде ставен во функција, информира директор...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2020 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...