Општинските служби од синоќа во мобилна состојба за поплавите

Сабота, 24 Јануари 2015

Општина Струмица со сите ресурси во служба на граѓаните по поплавите

Општина Струмица од синоќа е во мобилна состојба и со сите расположливи ресурси е во служба на граѓаните од населените места кои се погодени од поплавите.


Веднаш по излевањето на водата од речните корита, службите излегоа на терен и во текот на ноќта и денеска интервенираат на најзагрозените места и ги отстрануваат наносите.


Претставници на општината ги посетија и граѓаните кои што претрпеа најголеми штети во домовите и обработливите земјоделски површини.


„За жал сведоци сме по втор пат, на истата територија на општина Струмица да ни се случат истите поплави како пред две години. Овој пат можеби со помал обем, но исто така катастрофални од кои што беа погодени граѓаните на општина Струмица. Морам да кажам дека за синоќешните поплави немавме никаква дојава од Центарот за заштита и спасување, ниту од Центарот за управување со кризи, така што нашите први дојави беа од граѓаните од погодените места, при што веднаш Општинскиот штаб за заштита и спасување заедно со градоначалникот излегоа на лице место за да може првично да се помогне на граѓаните во санирање, односно ублажување на последиците и заштита на добрата на граѓаните. На лице место беше и територијалната противпожарна единица која им помагаше на граѓаните и комуналното претпријатие „Комуналец“ при што во неколку населени места беше упатена механизација, посебно во Муртино имаше пратено четири механички средства, односно багери и соодветни помагала и во Сачево, а во останатите населени места веќе беше доцна и не можевме да интервенираме со механизација. Тоа што општина Струмица во моментот го работи е утврдување на првичните последици и тоа што првично можеме да го направиме за граѓаните и нивните поплавени куќи и површини и противпожарната единица помага во испумпувањето на водата од домовите на граѓаните. Општинската комисија е веќе подготвена за да излезе на првични проценки за утврдување на штетите, веќе во општината работи комисијата, но бидејќи се работи за големо подрачје што е зафатено со поплавите, можеби ќе биде потребно неколку дена за да се утврди вистински оваа штета. Можам да кажам дека во моментот во сите населени места кои се погодени од поплавите работи механизација ангажирана од општина Струмица, во наредните денови ќе се интензивираат овие активности за да може што побрзо да биде санирана штетата“ - изјави Кирил Парталов, командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување.


Општина Струмица ги известува граѓаните од поплавените населени места Сачево, Муртино, Дабиле и Просениково дека можат да поднесат барања за проценка на штета во просториите на месните заедници. Барањата ќе бидат прифатени денеска и утре од вработените во општинската администрација, а од понеделник во зградата на Општина Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Бројката на нови случаи на КОВИД-19 се искачи на 101

Бројката на нови случаи на КОВИД-19 се искачи на 101

Јун 03, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се направени 974 тестирања за вирусот КОВИД-19 од кои 101 се позитивни. Најмногу се во ...

Струмичката болница доби донација од респиратори и кревети за новата болница

Струмичката болница доби донација од респиратори и кревети з…

Јун 03, 2020 Вести

ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица доби три респираторни машини, донација од Норвешка, кои се реализирани преку претставништвото на УНОПС во земјава, а с...

Почнаа уписите за првачиња, во општина Струмица се планираат 837 нови ученици во деветте основни училишта

Почнаа уписите за првачиња, во општина Струмица се планираат…

Јун 03, 2020 Вести

Од понеделникот во сите основни училишта на територијата на општина Струмица, како и во целата држава започна уписот во прво одделение за учебната 202...

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите средни училишта во Струмица, влез во училишта со маска и без родителите

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите сре…

Јун 02, 2020 Вести

Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар ...

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока Маала, Добрашинци, Муртино, Дрвош и Рудник „Огражден“ Хамзали

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока М…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 3 јуни), во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во ...

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе добијат субвенција до 4.000 денари

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе доб…

Јун 02, 2020 Вести

Од општина Струмица информираат дека денеска до 16:00 часот, 208 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, по вчерашниот објавен јав...

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Јун 02, 2020 Вести

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 52, во Тетово 14, по двајца во Кума...

Хуманитарна помош од  Здружението „Сите заедно можеме“ за граѓаните во Казнено-поправните домови

Хуманитарна помош од Здружението „Сите заедно можеме“ за гр…

Јун 02, 2020 Вести

Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ од Струмица после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација...