Општина Струмица и оваа година со финансиска поддршка за спортот

Петок, 23 Јануари 2015

Ристо Секулов, овластен инспектор за спорт, вели дека општина Струмица досега континуирано го поддржувала спортот

Исто како и минатите години, така и оваа, општина Струмица со буџетски пари ќе ги поддржи спортските клубови, академии и повеќе спортски манифестациии од општински, републички и меѓународен ранг. Во овој контекст е и Јавниот повик, кој општина Струмица го објави деновиве, а го упати до спортските здруженија и други правни лица од областа на спортот кои делуваат на територијата на општина Струмица.


Поднесувањето на пријавите трае до 3-ти февруари, а истите може да се подигнат од општина Струмица или да се симнат од општинската веб страница www.strumica.gov.mk.


Ристо Секулов, овластен инспектор за спорт, вели дека општина Струмица досега континуирано го поддржувала спортот, а така ќе биде и оваа година.


„Општина Струмица како и секогаш го помага спортот, претежно клубовите кои работат во млади категории, масовниот спорт, тука би го издвоил училишниот спорт како еден важен сегмент во нашата општина кој делува доста сериозно со многу активности и турнири. Од клубовите кои сериозно работат во млади категории би ги издвоил Академијата „Пандев“ која има над 300 деца, тука се кошаркарските клубови „Ролинг 08“, баскет академијата „Струмица“, исто така сериозно се работи во одбојката каде што имаме и шампион на Македонија, тоа е одбојкарскиот клуб „Струмица“, исто така и во женска категорија одбојкарски клуб „Македонија Макс“ и во последно време би го издвоил и женскиот фудбалски клуб „Тиверија“, кој минатата година беше вице шампион на Македонија во првата женска лига. Општина Струмица во овој период го гради и теренот со вештачка трева веднаш до стадионот „Младост“. Станува збор за проект на општината, се гради со општински пари, околу 350 илјади евра е буџетот што општината го издвојува, а ќе се покрие теренот со вештачка трева, ќе се изградат и придружни објекти како што се соблекувални и трибини, ќе има и рефлектори и ограда на игралиштето, а фудбалската федерација на Македонија се јавува како донатор на вештачката трева која чини околу 100 илјади евра. До крајот на оваа година треба да заврши и спортскиот центар кој го гради нашата фудбалска ѕвезда Горан Пандев за кој се надевам дека ќе стане една плодна почва за создавање на нови фудбалери од калибарот на Пандев. Во оваа 2015 година општина Струмица ќе ги поддржи сите активности кои што треба да се одржат на нејзина територија во областа на спортот“ - вели Секулов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...

Отворен ден за граѓаните во Основниот суд во Струмица

Отворен ден за граѓаните во Основниот суд во Струмица

Окт 21, 2019 Вести

По повод Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври, кој ден се одбележува во сите држави во Европа, па и во Македонија, во петок од 10:00 ...

Вељуса и Седларци во вторник шест часа без електрична енергија

Вељуса и Седларци во вторник шест часа без електрична енерги…

Окт 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

„Беласица“ ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци

„Беласица“ ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци

Окт 20, 2019 Вести

ФК „Беласица“ со 2:1 ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци во денешниот натпревар во рамките на Втората македонска фудбалска лига – Исток и е на...

ФОТО: Отворање на нова Оптика „PRISMA“ во Струмица

ФОТО: Отворање на нова Оптика „PRISMA“ во Струмица

Окт 20, 2019 Магазин

Струмица доби нова современа оптика, која се наоѓа во зградата спроти слаткарницата „Канела“ во близина на главната болница. Оптика „ПРИЗМА“ – опреме...

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а…

Окт 19, 2019 Вести

Унијата на млади сили од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на денешната прес конференција потсетија на ветените проекти на градоначалникот на Струмица, Кос...