Отворено писмо на професорите од СОУ „Димитар Влахов“ Струмица

Четврток, 22 Јануари 2015

Целта на нашето денешно обраќање до јавноста е да ги информираме граѓаните, родителите и учениците за ВИСТИНСКИТЕ причини за штрајкот

Професорите од Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, денеска до нашата редакција доставија отворено писмо, до родителите, учениците, но и до останатите просветни работни, по повод актуелниот штрајк на СОНК.


Почитувани граѓани, родители, колеги наставници и медиуми


Целта на нашето денешно обраќање до јавноста е да ги информираме граѓаните, родителите и учениците за ВИСТИНСКИТЕ причини за штрајкот и нашите барања за кои тврдиме дека се повеќе од реални и издржани.


Почитувани родители, имајќи го предвид фактот дека и ние сме родители и дека сме и лично засегнати за нашите деца, Вам посебно сакаме да Ви се обратиме, бидејќи сме свесни дека медиумите, делумно или сосема извртено Ви ја претставуваат сликата за штрајкот на просветните работници. Очигледно е дека медиумите, сојузници на оние кои по секоја цена сакаат да го маргинализираат штрајкот на СОНК и да го претстават како неоснован и штетен за воспитно-образовниот процес, ја замајуваат јавноста дека, едно од основните барања на наставниците е барањето за повисоки плати. Сакаме да Ви предочиме дека основната, суштинска цел на штрајкот е подобрување на воспитно-образовниот процес на Вашите и наши деца за нивна подобра иднина. Правото на штрајк е легитимно право и право загарантирано со закон и устав на РМ, штрајкот на просветните работници е повеќе од основан по неколку точки.


Имено, првата, основна и суштинска точка на нашите барања е директно поврзана со вреднувањето и казнувањето на наставниците според резултатите од екстерното тестирање, најпогрешниот експеримент на Министерството за образование и наука, експеримент чии директни последици ги трпат учениците и наставниците.


Почитувани родители, знаеме дека сте повеќе од свесни на какви проблеми наидуваат вашите деца кога е во прашање екстерното тестирање. Дали мислите дека знаењето на вашите деца треба да се оценува на начин кој од нив бара меморирање на факти и нивно репродуцирање, без при тоа да се води сметка за направената штета. Како ќе создаваме генеарции со квалитетни знаења кои подоцна истите ќе ги искористат за развој на општеството во кое живеат? Или можеби целта на ваквиот начин на оценување е да креираме младина која во иднина ќе има можност да бира од понуденото, без да има прилика таа да го наметне своето размислување и да се бори истото да се реализира. Формата во која се изведува таквиот начин на тестирање е ретроградна и целосно промашена. Еден наставник кој целата своја енергија ја троши за да им го пренесе своето знаење на учениците, да биде казнет со 3000 ден, дванаесет месеци, бидејќи реално го оценил ученикот, а истиот на екстерното добил поинаква оценка, е понижување на личност која во секоја нормална, цивилизирана и демократска земја е стожерот, кој на свои плеќи го носи најголемиот товар – знаењето. Историјата памти позитивни примери кога и најголемите и се поклонувале на личноста на наставникот. За жал во нашето општество наставникот е донесен во состојба да се прашува, кога ќе биде заменет со „резервен колега“, (термин кој не постои во ниту една демократска земја), дали ќе биде казнет, бидејќи се трошел раздавајќи го своето знаење, да зависи од добрата волја на ученикот кој е способен да препишува, да води два дневника, сосема идентични без никава придобивка од таквата административна стега и кога ќе го крене својот глас против неправдата да биде покажуван со прст, плукан, навредуван и понижен.


Почитувани колеги наставници, дајте да се издигнеме над нашите суети и партиски определби, надраснете ја вашата покорност и послушност, да не дозволиме никој да гази по достоинството на нашата фела. Да се избориме, достоинствено да застанеме во одбрана на нашата чест која е згазена и одвај преживува.


Наставник кој може слободно да работи, без притисоци, закани по неговото работно место, парични казни, понижување на неговата личност како интелектуалец е креативен наставник, кој ќе создаде ученици потковани со квалитетно знаење, способни да одговорат на предизвиците на современото време. Тоа е наша возвишена цел и обврска.

 

Вработени во СОУ,,Димитар Влахов” Струмица
Синдикална организација на СОНК при СОУ ,,Димитар Влахов”

 

Струмица, 22.01.2015 година.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги на 076/483-338

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги…

Мај 26, 2020 Вести

Бројот на Противпожарната единица во Струмица - 193 не е во функција поради дефект. Од таму информираат дека за итни случаи, пожар или друга непогода...

Телефонскиот број на Брзата помош 194 не функционира, за итни случаи користете го мобилниот број 076/290-160

Телефонскиот број на Брзата помош 194 не функционира, за итн…

Мај 26, 2020 Вести

Посебниот број на Итната медицинска помош 194 во моментот не функциониа поради дефект и не се знае кога ќе биде ставен во функција, информира директор...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2020 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...