Штрајкот во Струмичките училишта продолжува

Четврток, 22 Јануари 2015

Училниците во Струмичките училишта и денеска се празни, а наставниците и професорите седат во канцелариите

И денеска, трет ден, штрајкот на наставниците и професорите во сите основни и средни училишта во општина Струмица, но и на вработените во градинките и Струмичката библиотека, организиран од СОНК, продолжува.


Училниците во Струмичките училишта и денеска се празни, а наставниците и професорите седат во канцелариите.


Поради штрајкот на наставниците и професорите, а согласно новите законски прописи, директорите на училиштата треба да обезбедат наставен кадар за периодот додека се штрајкува, за да може наставата за сите ученици се одвива нормално.


„Од наша страна е поднесено барање, сега чекаме од Агенцијата за вработување да ни достават колку кадар имаат за профилот што го бараме“ - вели директорката на ООУ „Сандо Масев“ во Струмица, Мирјана Перунковска. И директорката на СОУ „Јане Сандански“, Вања Изова Велева ни потврди дека согласно законот побарале од Агенцијата за вработување „листинг на кандри“ за заменски професори.


Над 600 наставници и професори во општина Струмица штрајкуваат, а толку „заменски“ им требаат на училиштата, за да го заменат наставниот кадар кој штрајкува, за нормално одвивање на наставата, која не започна во второто полугодие од учебната 2014/2015 година.


Група родители на учениците од основните училишта „Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“ реагираа на штрајкот, сметаат дека за проблемите, просветните работници со надлежните требало да ги решаваат за време на зимскиот распуст, бидејќи со губењето настава ќе страдаат учениците.


Тие велат дека не се против правото на штрајк на било кого, меѓутоа сметаат дека претходно на поорганизиран начин требало да се воспостави комуникација и да бидат информирани и родителите.


Штрајкот продолжува и во градинките на ЈУДГ „Детска радост“, таму децата се прифатени од вработените, но не се спроведува образовната компонента.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...

Отворен ден за граѓаните во Основниот суд во Струмица

Отворен ден за граѓаните во Основниот суд во Струмица

Окт 21, 2019 Вести

По повод Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври, кој ден се одбележува во сите држави во Европа, па и во Македонија, во петок од 10:00 ...

Вељуса и Седларци во вторник шест часа без електрична енергија

Вељуса и Седларци во вторник шест часа без електрична енерги…

Окт 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

„Беласица“ ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци

„Беласица“ ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци

Окт 20, 2019 Вести

ФК „Беласица“ со 2:1 ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци во денешниот натпревар во рамките на Втората македонска фудбалска лига – Исток и е на...

ФОТО: Отворање на нова Оптика „PRISMA“ во Струмица

ФОТО: Отворање на нова Оптика „PRISMA“ во Струмица

Окт 20, 2019 Магазин

Струмица доби нова современа оптика, која се наоѓа во зградата спроти слаткарницата „Канела“ во близина на главната болница. Оптика „ПРИЗМА“ – опреме...

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а…

Окт 19, 2019 Вести

Унијата на млади сили од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на денешната прес конференција потсетија на ветените проекти на градоначалникот на Струмица, Кос...