Граѓаните не се задоволни од услужливоста на шалтерските работници, покажа анкетата за јавно мислење спроведен во општините во Југоисточниот регион од државата. Само 13% од граѓаните се потполно задоволни од услужливоста на локалните административци. Ова беше соопштено на вчерашната јавната дебата за добро управување во единиците на локалната самоуправа што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица.
Целосната реализиција на едношалтерските услуги е спроведена само во 15 проценти од општините, а повеќето од останатите обезбедуваат само одредени документи по службена должност, најчесто поврзани со катастарски услуги.
Мартин Тодевски од Центарот за управување со промени вели дека оние општини кои имаат повеќе ресурси и подобра организација подобро работат на тој план.
„Предничат општините Струмица и Гевгелија во Југоисточниот плански регион, но секако има многу простор за подобрување, посебно во делот на подобрување и функционирање на едношалтерскиот систем. Да се обезбедуваат повеќе електронски услуги, да се објавуваат повеќе информации за граѓаните како можат да ги добијат услугите, кои формулари треба да ги пополнат, како да ги платат административните такси и надоместоци. Да се подобрат услугите за лицата со попреченост, вклучително и пристапноста до објектите на општините и многу други индикатори кои ги меревме“ - рече Тодевски, потренцирајќи дека најдобра оценка општините имаат во поставувањето на стандарди, посебно на тие за управување со квалитет како што е ISO 9001.
Проектот „Следење на јавната администрација во зачувувањето на вредностите за добро управување“ во Југоисточниот плански регион го спроведуваат невладините „НОВУС“ и „Планетум“ од Струмица.
.
.
Фев 17, 2019 Вести
Утрово во Струмица измерени -4°C, најстудено било во Берово -7°C, а максимални 2°C се измерени во Дојран. Времето денеска ќе биде претежно сончево со...
Фев 16, 2019 Вести
Девојките на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица доцна попладнево на домашен терен во спортската сала на „земјоделското“ ги надиграа одбојкарките на ОК „П...
Фев 16, 2019 Вести
Вчера околу 19:00 часот, 17-годишна девојка од селото Баница, кај Струмица се оддалечила од својот дом и не се вратила. Семејството ја барале, не ја п...
Фев 16, 2019 Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица имаше работната средба со земјоделци...
Фев 15, 2019 Вести
Струмичка Беласица и официјално ги промовираше петте засилувања за пролетниот дел од сезоната, Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Ма...
Фев 15, 2019 Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорот на Агенцијат...
Фев 15, 2019 Вести
Филип Трајановски е нов играч на ФК „Академија Пандев“. 19-годишниот централен дефанзивец и член на младинската репрезентација на Македонија ја засилу...
Фев 15, 2019 Вести
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со градежните активностите за поставување на ново улично осветлување на улицата „Младинска“ во гр...