Градежниците од струмичко го одбележаа празникот Св. Тома, нов кум Тодорчо Мицев од „К'РМЗОВ МР“

Петок, 19 Октомври 2018

На традиционалната средба на градежниците од Струмичкиот регион што се одржа денеска напладне во Манастирот Св. Богородица Елеуса“, по повод празникот Свети Тома, Денот на заштитниците на сите градежници, за нов кум е избран Тодорчо Мицев од компанијата „К'РМЗОВ МР“ од Струмица.

Со денешната манифестација која се одржува 26 години, на која присуствуваа архитекти, техничари, градежниците, се одбележува крајот на градежната сезона. Кумата на годинашнава прослава, Софија Ристова Патрикова од Секторот за урбанизам при Општина Струмица, рече дека овој ден го одбележува враќањето на градежните работници, односно крајот на градежната сезона.

Го славиме овој празник по традиција, се надевам дека традицијата и ќе продолжи, еве оваа година 26-та по ред, ден на градителите, ден на наимарите, го чествуваме нашиот Апостол Свети Тома, со кој не врзуваат две работи, неговата професија, градителството, нашата професија, и знаеме дека е познат како неверниот Тома. Да не бидеме неверни, да веруваме во Бога, да веруваме во нас самите, затоа што со вербата ќе можеме да изградиме и да ја реализираме нашата идеја, да го изградиме нашиот град, да биде поубаво место за живеење“ - рече Софија Ристова Патрикова.

За Тодорчо Мицев, кумството е чест и со задоволство ќе ја организира следната манифестација, догодина. Сака да ја продолжат традицијата и младите градежници, да се одржува уште многу години, да се негува наимарството. Според Мицев, годината била успешна за градежниците, има напредок во градежништвото од година во година.

И за архитектите е голема чест што се дел од овој настан, како што велат тоа е денот кога се собират сите колеги. Ова е единствена манифестација од ваков карактер во Македонија, односно само Струмичките градежници на тој начин го одбележуваат овој празник, Свети Тома – заштитникот на градежниците.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Струмица

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Ст…

Мај 22, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ од Струмица е победник на 27-то финале во Купот на Македонија и за првпат по клупската историја го освои трофејот во најмасовнот...

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

Мај 22, 2019 Вести

Фудбалерите на ФК „Академија Пандев“ денеска против ФК „Македонија ЃП“ го игра првото КУП финале во својата историја. Натпреварот се игра на Националн...

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе играт во Струмица

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе…

Мај 22, 2019 Вести

Ракометната репрезентација на Македонија одново ќе игра натпревар надвор од Скопје. Како што е објавено на официјалната страна „ЕХФ“ Македонија натпре...

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа за подобра интерактивна настава

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа з…

Мај 22, 2019 Вести

17-годишниот струмичанец Митко Ников, ученик во трета година при СОУ „Јане Сандански“ во Струмица го освои првото место на средношколскиот натпревар з...

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на…

Мај 22, 2019 Вести

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица, синоќа го одржа својот Годишен концерт, во чест на својот патрон - 75 години од убиствот...

Фирма за достава има потреба од работници

Фирма за достава има потреба од работници

Мај 22, 2019 Веб Билборд

Фирма за достава има потреба од работници со полно или скратено работно време. Кандидатите потребно е да имат возачка дозвола од „Б категорија“, а пож...

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во градот

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во гра…

Мај 21, 2019 Вести

За зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ја обновува хоризонталната сигнализација в...

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни води прерасна во бајка од сликовниците

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни …

Мај 20, 2019 Вести

Пречистителната станица за отпадни води кај Сачево, во близина на Струмица, од денеска изгледа како бајка од сликовниците. Животински свет, куќички во...