Пред точно 20 години во селото Муртино, во близина на Струмица започна со работа Штедилницата ФУЛМ – Финансиски услуги за луѓето во Македонија. Годинава прогласена за најдобра во светот во конкуренција на 106 земји за кредитни линии.
Според Стево Андровиќ, преседател на штедилницата, успешното работење се должи на почитување на демократскиот принцип дека секој има право да го изрази своето слободно мислење без притоа да биде осуден за тоа.
„Токму почитувањето на овој демократски принцип е клуч на успех на концептот на кредитни унии. Секој член во изминативе 20 години можеше слободно да не пофали, да се пожали, да не засрами, но има такви кои ни напишаа и песна“ - рече пред присутните, претседателот Стево Андровиќ на одбележувањето во Муртино, по повод 20 години од формирањето на Штедилница ФУЛМ, меѓу кои беше и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
„Слободните финансиски средства треба да ги штедиме, заради тоа што ова е најефтиниот начин да се пласираат ефтини пари до нашето стопанство од кое зависи развојот на Република Македонија“ - рече во своето обраќање премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека денешниот ден е посебен важен за компаниите кои работат во областа на финансиските услуги, бидејќи денеска се прославува 70-годишнини од одбележувањето на Интернационалниот ден на кредитни линии.
На свеченоста по повод 20 години Штедилница ФУЛМ, на поединци и организации им беа доделени награди и признанија, а премиерот Зоран Заев доби ѕвонче. Со него посака утре да означи дека е обезбедено двотретинско мнозинство во парламентот и дека Македонија чекори кон членство во ЕУ и НАТО.
.
.
Фев 17, 2019 Вести
Утрово во Струмица измерени -4°C, најстудено било во Берово -7°C, а максимални 2°C се измерени во Дојран. Времето денеска ќе биде претежно сончево со...
Фев 16, 2019 Вести
Девојките на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица доцна попладнево на домашен терен во спортската сала на „земјоделското“ ги надиграа одбојкарките на ОК „П...
Фев 16, 2019 Вести
Вчера околу 19:00 часот, 17-годишна девојка од селото Баница, кај Струмица се оддалечила од својот дом и не се вратила. Семејството ја барале, не ја п...
Фев 16, 2019 Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица имаше работната средба со земјоделци...
Фев 15, 2019 Вести
Струмичка Беласица и официјално ги промовираше петте засилувања за пролетниот дел од сезоната, Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Ма...
Фев 15, 2019 Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорот на Агенцијат...
Фев 15, 2019 Вести
Филип Трајановски е нов играч на ФК „Академија Пандев“. 19-годишниот централен дефанзивец и член на младинската репрезентација на Македонија ја засилу...
Фев 15, 2019 Вести
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со градежните активностите за поставување на ново улично осветлување на улицата „Младинска“ во гр...