ФОТО: Калуѓерките од Вељуса изработија апликација за мобилен за верниците

Четврток, 15 Јануари 2015

Апликациите се наменети за уредите со оперативен систем Андроид, а ги изработија Монашките сестри од Манастирот во Вељуса

Македонската православна црква на своите верници им понуди нова услуга што можат да ја користат преку своите мобилни - две апликации за паметни телефони, „Свето писмо“ и „Православен молитвеник“ на македонски јазик.


Апликациите се наменети за уредите со оперативен систем Андроид, а ги изработија Монашките сестри од Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса. Тие се надеваат дека на овој начин верниците полесно ќе доаѓаат до корисни информации, кои се однесуваат на православниот духовен живот.


За да се користат апликациите, потребно е уредот да има најмалку верзија 4.0 на Андроид. Првата ги содржи Стариот и Новиот завет и за нејзиното користење не е потребна активна интернет-конекција.


„Православен молитвеник“, пак, содржи утрински и вечерни молитви, акатист кон Пресвета Богородица, молитви за разни потреби, Пасхално молитвено правило и друго.


Овие апликации следуваат по позитивните реакции од верниците за апликацијата што ја создадоа Монашките сестри од Вељуса во 2013 година.


Станува збор за „Православен календар“, кој се состои од месечен приказ на деновите, информација за светителите и празниците за секој ден во текот на годината, приказ на седмиците од годишниот богослужбен циклус, начинот на пост за секој ден, евангелско четиво за денот, како и поука за денот. Исто така, за секој светител е приложено и неговото кратко житие.


Апликациите можат да се пребаруваат на два начина: преку избор на конкретен датум и преку избор на празник и година. Во иднина тие ќе се дополнуваат со нови информации, а ќе се работи и на нивно приспособување за другите мобилни платформи. (С.Џ.)

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Општината Струмица во повеќе објекти го заменува начинот на греење со гас

Општината Струмица во повеќе објекти го заменува начинот на …

Дек 13, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска ја информираше јавноста за активностите коишто се реализираат согласно Планот за чист воз...

Уапсени петмина струмичани поради шверц со мигранти

Уапсени петмина струмичани поради шверц со мигранти

Дек 13, 2019 Вести

Пет лица од струмичките села Муртино и Банско се лишени од слобода под сомневање дека се инволиврани во шверц со мигранти. Како што информират од СВР ...

Вечерва во Струмица Концерт на Intelligent Music project & Vrabevski Super band

Вечерва во Струмица Концерт на Intelligent Music project …

Дек 13, 2019 Магазин

Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатите интернационални музички состави од Бугарија Intelligent Music projec...

Пуштена во употреба Детската градинка во селото Куклиш

Пуштена во употреба Детската градинка во селото Куклиш

Дек 12, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во...

Прес конференција на Александар Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

Прес конференција на Александар Донев, претседател на ОК на …

Дек 12, 2019 Вести

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до град...

Концерт на Ленче и Горан Кукиќ со Јупитер за градот во чест на Светите Петнаесет

Концерт на Ленче и Горан Кукиќ со Јупитер за градот во чест …

Дек 12, 2019 Магазин

Вечерва завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици со концерт на Ленче и ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Комплексот „Цареви кули“ ќе прерасне во Дом и Дневен центар за стари лица

ЕКСКЛУЗИВНО: Комплексот „Цареви кули“ ќе прерасне во Дом и Д…

Дек 12, 2019 Вести

Струмица ќе го добие првиот Дом за стари лица. Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во Дневен центар за стари лица, ...

Кај Василево откриени 30 мигранти од Авганистан

Кај Василево откриени 30 мигранти од Авганистан

Дек 12, 2019 Вести

Во Индустриската зона кај Василево вчера околу 18:00 часот е лишен од слобода М.О. (41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијат...