Вечерва во „Селект“ хуманитарна забава за Мартина Стојковска

Четврток, 15 Јануари 2015

Да и помогнеме на Мартина Стојковска!

Со влезница од 100 денари за хуманитарната забава во кафе барот „Селект“ во Струмица, вечерва (четврток, 15 јануари), од 21:30 часот, ќе и се помогне на Мартина Стојковска да и биде извршена потребната операција во Турција.


На концертот со свирка во живо, за помош на Мартина, ќе настапат пет струмички рок бендови: Motiv Band, Nexus Band, Alarm, Jupiter Band и Jazzna.


Инаку, 12-годишното девојче од Струмица, веќе 5 години се бори со деформација на р’бетниот столб – сколиоза, која на почетокот беше откриена била 28 степени, а сега прогресира во над 100 степени. Сколиозата е откриена на нејзина 7-годишна возраст, но и поради сите неуспешни обиди на лекарите во државата да се справат со тоа, родителите мора спасот да го бараат надвор од земјата, со што е потребна итна операција во странство за да може слободно да дише, да се храни, да седи и да се движи. Доколку не и се изврши операцијата на време може да ја парализира и да доведе до влошување на нејзината здравствена состојба во целост.


Хируршката интервенција е закажена во Турција и чини 40.000 евра, но семејството на Мартина не е во можност да го собере тој износ, затоа апелираат до сите хумани граѓани, доколку се во можност да донираат и помогнат на било кој начин за да се соберат потребните средства за операцијата на Мартина што побргу.


Фунансиски средства може да се донираат преку жиро сметката во НЛБ „Тутунска Банка“ број: 210-501683253756 и преку мобилните оператори ОНЕ на: 075/076 143-150, ВИП на: 077 143-144, Т-Мобиле на: 070 143-121.


Да и помогнеме на Мартина Стојковска!

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар го дадовте“ почна празнувањето во Струмица за Светите Петнаесет

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар…

Дек 09, 2019 Вести

Синоќа во прекрасниот амбиент на храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа мултимедијалниот настан „А се' што на да...

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите струмичани

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите …

Дек 09, 2019 Настани

Ансамблот за народни игри и ора „Тримери“ од Струмица во сабота (14 декември) од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ, ќе го одржи традиционал...

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Центарот за култура

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Цен…

Дек 08, 2019 Вести

Струмичани ќе имат можност да ги видат струмичките наставници и професори од основните и средните училишта на големата сцена во Центарот за култура, к...

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот празник на градот Струмица

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот …

Дек 08, 2019 Настани

На денот на заштитниците на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи Годишн...

Сречко Гунчев ќе прави „ретроспектива“ на своите фотографии преку изложбата во вторник

Сречко Гунчев ќе прави „ретроспектива“ на своите фотографии …

Дек 08, 2019 Вести

Познатиот струмички фотограф Сречко Гунчев, во вторник (10 декември) во 20:30 часот ќе постави изложба на свои фотографии во фоајето на Центарот за ку...

Горан Пандев со феноменален лоб од 40 метри постигна гол за Џенова

Горан Пандев со феноменален лоб од 40 метри постигна гол за …

Дек 08, 2019 Вести

Капитенот на македонската репрезентација попладнево понуди егзотичен гол за присутните на стадионот во Лече откако во нападот на неговата екипа ја иск...

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го означија почетокот на новата Детска градинка во селото Муртино

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го означија почето…

Дек 08, 2019 Вести

Селото Муртино доби Детска градинка, на просторот на некогашната општинска зграда, кога постоеше општина Муртино. Капацитетот е за 26 деца од предучил...

Со Свети Климент започнува празнувањето на Светите Петнаесет

Со Свети Климент започнува празнувањето на Светите Петнаесет

Дек 08, 2019 Вести

Струмица на 11-ти декември празнува, го одбележува својот Патрон, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. По тој повод од денеска на празник...