ФОТО/ВИДЕО: Струмица доби Одделение за интервентна кардиологија

Среда, 14 Јануари 2015

Тодоров: Ги постигнавме европските стандарди во интервентната кардиологија

Струмичката „Општа болница“ се здоби со ново Одделение за интервентна кардиологија, опремено со нов апарат – ангинограф. Одделението за интервентна кардиологија функционира во новата зградата на Ургентниот центар, во долниот дел, а денеска, го промовираше Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој за таа цел ја посети Струмичката болница.


Тодоров ја истакна историската важност за струмичкото здравство, кое се вброи во мрежата на интервентни кардиологии во земјата.


„12-ти јануари е историски ден за струмичкото здравство. Како ден кога се отпочна интервентната кардиологија во Струмица. На тој ден беа изведени две интервенции на два пациенти и беа спасени два човечки животи, од кои на еден млад, роден 1971 година. Со тоа Струмица се вброи во центрите со интервентна кардиологија“ - рече министерот Тодоров.


Тој истакна дека ова е 10-ти ангинограф, кој се инсталира, а во монтажа е и единасеттиот.


„Со тоа се реализира проектот на Владата на изградба на мрежа на интервентна кардиологија. Со тоа ние го постигнуваме и европстиот стандард од еден ангинограф на 200 илјади жители“ - нагласи Тодоров.


Според директорката на ЈЗУ „Општа Болница“ Струмица, д-р Анкица Ангова, новиот оддел за интервентна кардиологија е доказ на подготвеноста на кадарот во болницата и посветеноста на Министерството за здравство и Владата за подобрување на здравството во државата.


„Ова беше огромен предизвик, кој траеше 2 години. Во изградбата и опремувањето на овој оддел се инвестирани околу еден милион евра и ја вброи Струмица во редот на останатите центри каде се нудат услуги од овој тип на кардиологијата“ - рече д-р Ангова.


На интервентна кардиологија веќе се направени првите пет интервенции кај критични пациенти. Интервенциите се изведуваат со помош на специјалист-интервентен кардиолог од Србија, заедно со струмички кардиолог и уште еден лекар специјалист. С.Б./С.Џ.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во кафулињата и рестораните се укинува мерката за седење по двајца или четворица од семејство на една маса

Во кафулињата и рестораните се укинува мерката за седење по …

Јул 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата на Република Северна Македонија на на денешната 76-та седница донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостите...

Само шест лица во самоизолација се пријавиле за гласање, од денеска почнува тридневното гласања за избор на пратеници

Само шест лица во самоизолација се пријавиле за гласање, од …

Јул 13, 2020 Вести

Шест лица кои се во самоизолација или позитивни на ковид-19 се пријавиле за гласање на предвремените Парламентарни избори 2020 и тие своето гласачко п...

Денеска е Собор на 12 Апостоли - Павловден

Денеска е Собор на 12 Апостоли - Павловден

Јул 13, 2020 Магазин

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички пр...

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот пр…

Јул 12, 2020 Вести

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 07:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатна...

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 лица со ковид-19

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 …

Јул 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица, едно од Струмица и едно од Просениково се новозаразени со ковид-19. Во моментот 15 лица се водат како активни случаи во Струмица, а досега о...

„Street Bar“ нов кафе бар во Струмица

„Street Bar“ нов кафе бар во Струмица

Јул 12, 2020 Магазин

Од синоќа во Струмица е отворен нов кафе бар - „Street Bar“... Почнува да се пишува една нова урбана приказна... Пријатна атмосфера за нова кафе-шема...

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зелена нафта

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зе…

Јул 12, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера од Струмица најави дека од понеделник повторно ќе може да се точи Еуро...

Денеска е Петровден - за многу години!

Денеска е Петровден - за многу години!

Јул 12, 2020 Магазин

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот ...