Денеска е Василица - за многу години!

Среда, 14 Јануари 2015

Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица

На 1 јануари според стариот, 14 јануари според новиот календар, христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.


Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Об¬резанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.


Денеска се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го¬лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.


Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата божја.


Денеска именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица по 10-ти пат одбојка на ветерани во чест на Светите Петнаесет

Во Струмица по 10-ти пат одбојка на ветерани во чест на Свет…

Дек 13, 2019 Вести

Денеска и утре во спортската сала „Партизан“ во Струмица се одржува традиционалниот меѓународен Турнир во одбојка за ветерани, по повод празникот на г...

Општината Струмица во повеќе објекти го заменува начинот на греење со гас

Општината Струмица во повеќе објекти го заменува начинот на …

Дек 13, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска ја информираше јавноста за активностите коишто се реализираат согласно Планот за чист воз...

Уапсени петмина струмичани поради шверц со мигранти

Уапсени петмина струмичани поради шверц со мигранти

Дек 13, 2019 Вести

Пет лица од струмичките села Муртино и Банско се лишени од слобода под сомневање дека се инволиврани во шверц со мигранти. Како што информират од СВР ...

Вечерва во Струмица Концерт на Intelligent Music project & Vrabevski Super band

Вечерва во Струмица Концерт на Intelligent Music project …

Дек 13, 2019 Магазин

Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатите интернационални музички состави од Бугарија Intelligent Music projec...

Пуштена во употреба Детската градинка во селото Куклиш

Пуштена во употреба Детската градинка во селото Куклиш

Дек 12, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во...

Прес конференција на Александар Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

Прес конференција на Александар Донев, претседател на ОК на …

Дек 12, 2019 Вести

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до град...

Концерт на Ленче и Горан Кукиќ со Јупитер за градот во чест на Светите Петнаесет

Концерт на Ленче и Горан Кукиќ со Јупитер за градот во чест …

Дек 12, 2019 Магазин

Вечерва завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици со концерт на Ленче и ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Комплексот „Цареви кули“ ќе прерасне во Дом и Дневен центар за стари лица

ЕКСКЛУЗИВНО: Комплексот „Цареви кули“ ќе прерасне во Дом и Д…

Дек 12, 2019 Вести

Струмица ќе го добие првиот Дом за стари лица. Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во Дневен центар за стари лица, ...