Дилери фатени со амфетамин во гаќи кај Ново Село

Вторник, 13 Јануари 2015

Двајца штипјани се уапсени на граничниот премин Ново Село, бидејќи полицијата, кај едниот пронашла амфетамин

Двајца штипјани се уапсени на граничниот премин Ново Село, бидејќи полицијата, при претрес, кај едниот од нив, скриен во гаќи, пронашла амфетамин.


Како што информираат од полицијата, станува збор за Ж.М. (26) и З.Ч. (29), и двајцата од Штип, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.


Двајцата, заради продажба, на 8-ми овој месец заминале за Софија и, наводно, од непознато лице - бугарски државјанин купиле, за сума од 360 лева, амфетамин.
Наредниот ден, кога пристигнале на граничниот премин кај Ново Село, психотропната супстанција била пронајдена скриена во гаќите на Ж.М. Веднаш двајцата биле приведени.


При разговорот, Ж.М. на полицајците им објаснил дека купениот амфетамин имале намера да им го продаваат на наркозависници од Штип.


Според полициските евиденции, и двајцата уапсени и досега биле пријавувани за најразлични кривични дела.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ и бркање на младите, вели Костадинов

Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за млади…

Јул 06, 2020 Избори 2020

Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво врабо...

Ново име на македонска поп сцена – струмичанката Сања Димова со своето првенче „Знам да кажам не“

Ново име на македонска поп сцена – струмичанката Сања Димова…

Јул 05, 2020 Магазин

На македонската забавна музичка сцена се појавува ново име, 19-годишната струмичанка Сања Димова. Иако уште од мало дете е со музиката, живее во музич...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Јул 05, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Заев: Покажавме дека можеме многу подобро од ВМРО-ДПМНЕ, кои знаат само да земаат од граѓаните

Заев: Покажавме дека можеме многу подобро од ВМРО-ДПМНЕ, кои…

Јул 05, 2020 Избори 2020

Време е за нови инвестиции, време е за нови иницијативи, за нови успеси на кои се обврзуваме и пред граѓаните и пред нашата економија, порача на прес-...

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во Струмица, гневен на институциите околу изградба на рудникот кај Иловица

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во…

Јул 05, 2020 Вести

Еден час, со транспарент во раката, со залепена уста, на плоштадот во Струмица, познатиот актер и еден од најгласните говорници против отворањето на р...

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коронавирус, и денеска Скопје со најмногу заболени 64 лица

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коро…

Јул 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 64, Тетово 16, Гостивар 9, Куманово 8, Стр...

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домаш…

Јул 04, 2020 Вести

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна кар...

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевски, носители на режимот, вели кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевс…

Јул 04, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека сите носители на листите на В...