ФК Беласица официјално го соопшти новиот шеф на стручниот штаб кој ќе го замени Раде Цицмиловиќ кој деновиве ја напушти функцијата поради непоседување на Про УЕФА диплома. Новиот тренер кој ќе ги предводи сениорите на струмичкиот прволигаш е српскиот тренер Марјан Живковиќ.
Живковиќ е родум од градот Пирот, сместен во југоистокот на Србија. Тој своите фудбалски и менаџерски кариери ги започнува во ФК Раднички, клуб од родниот му град. Фудбалската кариера ја започнува во 1990 година и има играно во српски, бугарски, црногорски и кинески клубови меѓу кои и белградска Црвена Ѕвезда.
Во 2006 година ја започнува и менаџерската кариера и работи во неколку српски клубови, а оваа година менаџираше и со кинескиот клуб Шенјан Дунчин, за сега повторно да се врати на Балканот и да започне да го води новиот прволигаш во Македонија, ФК Беласица.
Живковиќ ќе мора што е можно побрзо да се прилагоди затоа што Беласица веќе утре ќе ги знае противниците, а новата сезона започнува за две недели, сепак според сликите кои ги објави порталот Спортмедиа неколку часа пред официјалното соопштение на клубот, Живковиќ веќе започна да работи со сениорите на стадионот Младост во Струмица.
.
.
Авг 19, 2022 Вести
Утрово во 04:20 часот на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улицата „Тодор Александров“ и улицата „Белградска“ во Скопје, патничко возило „Форд...
Авг 19, 2022 Вести
Вечерва со почеток во 20:00 часот на сцената на СОФ, кај езерцето во големиот градски парк ќе настапат Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозано...
Авг 19, 2022 Вести
Општина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Вељуса. К...
Авг 19, 2022 Вести
Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава под покровителство на Обе...
Авг 18, 2022 Вести
Компанијата „Жикол“ почна со реализација на проектот „Изведба на мост на река Водочница на траса на ул. „Братство Единство“ во Струмица. Станува збор ...
Авг 17, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Договорена соработка помеѓу Општина Босилово и Друштво за управување со отпад „Нула отпад“, од кои општината доби донација приколица за трактор за со ...
Авг 16, 2022 Вести
Синоќа во дворот на струмичката гимназија се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето дипломи на матурантите од генерацијата 2018/2022 на...
Авг 15, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 16 Август) најавува прекин на електричната енергија од 09:30 до 10:30 часот и тоа: дел од населените м...